head

28.10.15

Hydra Protect - крема за нормална кожа


Навистина има многу новини и овој блог е малце запоставен поради многу причини, но како сакам да ви ги доближам производите кои излегуваат од работилницата, се трудам да објавувам важни и информативни постови.
За денес ви ја представувам кремата која веќе е во online продавница и која веќе се најде во многи козметички торбички.

 КРЕМА ЗА ЛИЦЕ ЗА НОРМАЛНА КОЖА- HYDRA PROTECT


Кремата настана како природно продолжение нa препаративната линија . За нејзината формулација одбравме масла кои навистина се универзални и и одговараат на секој тип на кожа, а со балансот на сите состојки ја регулиравме нејзината хидрирачка моќ. Сите среќници со овој тип на кожа знаат дека на нивната кожа и треба влажност за да остане таква каква што е. Всушност, кај овој тип најважно е да не се дозоли дехидрираноста на кожата. Маслата носат хранливата и негувачката улога во оваа крема, но во водената фаза, таа содржи хумектанти, кои не дозволуваат да кожата останува без влажноста. Тука е и разликата од употреба на маслата за нега на кожата и кремите. Кремите носат хидрирачка моќ, бидејќи некои состојки не можете да ги употребите во безводните формули. Значи, дури и кога ја негувате кожата само со масла, тие не можат да спречат кожата да губи влага. Т.е. можат оние оклузивни масла и посебно путери, но нивната употреба за кожата на лицето, често е дискутабилна, бидејќи со оклузивноста обично расте и факторoт на комедогеностa, а тоа не го сакаме баш, нели? Од другите оклузиви, единствено алантоинот спаѓа во водорастовриви, затоа го и сакаме во секој наш производ. Освен тоа, тие оклузивни масла често се и потешки, така да не можеме секогаш добро да ги поднесеме на лицето.
Лицето не треба да го „зацементираме“ со маслата, од страв да не ја изгубиме влагата, туку да го хидрираме, а тоа го добиваме со водената фаза од кремата.
Сликава сама ќе ви ги покаже дел од важни состојки во оваа крема

Hydra Protect- крема за нормален топ на кожа

Јојоба масло е носечко, тоа е идеално за сите типови на кожа. Нема причина да тоа не биде и во оваа крема. Нашето масло од јојоба е ладно цедено и органско. 
Маслото од коштици од кајсии, авокадо и  макадамиа веќе ги имамве во други производи и до сега ви е јасно дека и тие се од оние масла кои секој тип на кожа ги сака. Богати со витамини, лесно апсорбирачки, не оставаат мрсно чувство и делуваат моментално, оставајќи ја кожата мека и нежна. Како кажавме порано, сите масла за козметички препарати се ладно цедени, а некои и органски. Маслото од макадамиа е органско. (Во овој пост ставивме и некои слики од органски масла)
Маслото од лешник е нешто ново. Ова масло се исто така лесно впива и брзо продира во кожата, а тоа е перфектно и за мрсна и комбинирана кожа. Тука има улога за да да уште полесен осет на кремата. Значи, комбинацијата на масла ќе ви пружи потполна и бoгата нега, со еден лесен осет на лицето.
Сoстoјките штo ги гледaте хоризонтално, деснo oд мaкaдaмиa мaслo, сите се дел oд вoденaтa фaзa. А плус, тука се: нашиот сакан и незaoбилaзен aлaнтoин, алое вера, глицерин, нaтриум лaктaт (кoј делува хидрирaчки, дури и oткoгa се испере) . Вака бoгaт вoден дел oд кремaтa немаше да може да пoстoи вo безвoдни фoрмули. 

Потоа, тука е органскиот екстракт од невен, состојка убава за сите типови, бидејќи невенот ја смирува кожата, делува на залекување на акни, ранички, ја омекнува кожата, добар е како против акни, така и кај сува кожа, бидејќи е емолиент, а богатството на каретоноиди ја храни кожата. Eкстрактите можат да бидат различни, според растворачот кој се користи. Во многу случаеви, тој не е прифатлив во еко козметиката, како нпр. propylene glycol, ethyl acetate, додека во дозволени растворачи спаѓаат вода, глицерол, етанол. Нашиот екстракт е глицеролни.

органски ектракт од невен
Емулгаторот што го користевме во оваа крема спаѓа во моќни, модерни, негувачки емулгатори, кои всушност не ни барат масло, за да бидат ефективни емолиенти на кожа. Емулгаторот за оваа крема е одличен за нормална и комбинирана кожа. Го користат и големи природни брендови.

Употреба на кремата: Кремaтa се нaнесувa вo тенок слoј, a мoќтa на рaзмaчкувaње е фaнтaстичнa, тaкa да сo еднo зрнo грaшoк, ќе можете да ги нaмaчкaте и лицетo и врaтoт. Кремaтa брзo ќе се впие и скoрo да нема ни да ја чувствувате. Брзо отпосле ќе може да нанесете и шминка како и вообичаено. Дава долгорајна, целодневна хидратација и мазен осет.


Природна крема за нормална кожа 'Hydra Protect'




Состав: Aqua, Cetearyl Olivate, Sorbitan Olivate, Simmondsia Chinensis (Jojoba*) Seed Oil, Prunus Armeniaca (Apricot) Kernel Oil, Corylus Avellana (Hazel) Seed Oil, Caprylic/Capric Triglyceride, Macadamia Ternifolia (Macadamia Nut*) Seed Oil, Cetyl Alcohol, Aloe Barbadensis (Aloe) powder, coco caprylate, glycerin,Calendula Officinalis (Calendula) Flower Extract*, Hydrolyzed Oats, Cetyl Alcohol, d-panthenol, tocopherol (vit.E), allantoin, dehydroacetic acid and benzyl alcohol, perfume**, Xanthan Gum
*- органско потекло
**- мирис со природно потекло


Ако до сега не сте виделе, можеме да се пофалиме и со мириси на природна база кои што ги набавивме. Тие се мешавини од разни билни екстракти, ароми и етерични масла и се користат за природна козметика. С оглед на тоа дека секој сака производ убаво да му мириса, ние се одлучивме за оваа опција. 

природни мириси за козметика

ОВА КРЕМА МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОБАРАТЕ НА 

UPDATE: Во новите партии, и оваа крема ќе содржи уреа. Повеќе за уреа рековме во постот за крема за мрсна кожа

2 comments:

  1. I can't get it to translate, but like everything you make, it looks fantastic!

    ReplyDelete
    Replies
    1. So sorry Monica! Google translate doesn't seem to work 24/7, lol! But, thanks anyway for the comment, I hope those who understand the text will agree with you!

      Delete

Thanks for your comment