'Natural Diva' линијата се состои од производи во кои не користиме ниту козметички пигменти, ниту мирисна масла. Тие понекогаш содржат етерични масла, а најчесто се без мириси. Од друга страна, содржат козјо млеко, свежо цедени сокови, зачински и разни други лековити билки во форма на прав, на маслени мацерати или водени инфузии, потоа, алое вера гел, мед, овесни снегулки, пиреа од коприва, од тиква, глини и другите состојки со бенефити за кожа.
- На кого му е наменета оваа линија?
На сите оние кои имаат преосетлива кожа, кои никогаш не можеле да најдат адекватен сапун за својата кожа, оние што велат дека сапуните им ја сушат кожата, за бебиња и за оние кои што патат од кожни проблеми и алергии.

- На кого му е наменета оваа линија?
Ако барате специфицирана врста на сапун, еве ги некои од сапуните, што ги правиме, дадени според нивните состојки.
Се разбира, наведените состојки се само дел од нивниот состав, а секој линк ве води до сапуните, кои сигурно ќе се разликуваат и по својот изглед и по своите други состојки.
- Сапуни со козјо млеко, слатка павлака, јогурт (можно е дека некои сапуни соджат сите три млечни поизводи)
- Сапуни со мед
- Сапуни со глини, зеолит
- Сапуни со овесни снегулки
- Сапуни со билни млека: кокосово, соино, овесно
- Сапун со свежо цеден сок од моркови
- Сапуни со куркума
- Слани сапуни
- Течен сапун
- Белди (хамам) сапун