head

31.7.14

'Diva' природна нега (1.дел) -ТЕЧЕН И ХАМАМ (БЕЛДИ) САПУН


Покрај стандардни цврсти сапуни, однедамна се во работилница произведувaат и други врсти на сапуни.
Еве што ново се запенушало во Дивина сапунска лабораторија.

      

  ТЕЧЕН САПУН


Течниот сапун се разликува од црвстиот првен по сапонифицирачки агент. Наместо натриум-хидроксид, за течен сапун се користи калиум-хидроксид. Се користи исто како и цврстиот, за раце, тело и ако се посебно формулира и за лице. Тој е сосема различен комерцијални гелови за туширање, првен по тоа што е потполно природен. Не содржи синтетички сурфактанти, кои ви ја исушуваат кожата, не содржи парабени, ниту други агенси кои се користат во индустриски средства. Тој, исто како и сапунот, не ја исушува кожата и многу е погоден за често миење раце, како и бањање.
Исто така, много е згодно да го користете кога го бањате вашето дете :-)

природен течен сапун
фази на правење течен сапун


Во горниот дел на сликата се гледа фаза кога сапунот е готов, пред да се раствори.
На сликиве делува како свила со својот природен сјај и баршунаст изглед, само густ (слика долу лево).
На централната слика (и долу десно) се гледа крајниот производ, течен сапун, спремен за користење.
Во овој  случај, јас додадов малце розова мика (engl.mica), за да има транслуцентан сјај. Навистина делува волшебно, а се разбира, не остава светкава трага на кожа.









Еве уште една слика од другата тура на течен сапун. Морам да кажам да побарувачката помеѓу моите пријатели и роднини навистина е голема и често го правам овој сапун. Така вооглавно и ги тестирам новите производи. 

природна течна купка
ТЕЧЕН САПУН / КУПКА-
беше навистна тешко дома да се најде оваков диспанзер за течен сапун




природен течен сапун
фино и густо


ХАМАМ САПУН (БЕЛДИ)


Хамам сапун, или Белди, како што се вика оригинално, настана во Мароко, па се вика и марокански сапун. Некои толкувања велат дека Белди заправо значи ’традиционален’. Овој сапун му дава сосема поинакво значење на зборот сапун. Тој, покрај чистењето на кожа има и една сосема друга функција. Белди сапун се прави и користи во Мароко уште од стари времиња, а постапката на неговото користење ни покажува како корисниците на хамамот знаеле да си направат спа доживување и во антички услови, без современа опрема и модерни средства за хигиена. Еве како изгледа Хамам сапун, во својата изворна варијанта:


  • хамам (белди) сапун
    Хамам (Белди) сапун - BELDI (HAMMAM) SOAP








Како гледате на сликава, веќе самата форма на сапунот изгледа необично.
Сапунот е во форма на паста, што го одвојува и од цврсти и од течни сапуни.
Овој сапун се состои исклучително од маслиново масло- тнр. Кастилски сапун. Но, она што го прави сапунот во оваа форма се МАСЛИНКИТЕ, кои се додаваат во него.
Маслинките се фино сомелени и не се ни гледаат во пастата. Но, нивното присуство е неопходно за да овој сапун ја обави својата функција.
Во ориентални земји, секој има својот рецепт за правење на белди. Понекогаш, наместо маслинки се додава паста од рузмарин, или од други растениа. Во други рецепти сапунот прави со додаток на други масла, но само сапунот со 100% маслиново масло е оригинален марокански хамам сапун. Во него се додава етерично масло од еукалиптус, кое ја поттикнува циркулацијата, делува антиревматски, антисептично, антибактериски и антивоспалувачки, а со својот остер мирис ги стимулира сетилата.

Како се користи Хамам сапун? 

Кога дојдете во Хамам, или во современи услови- сауна, првен се тело опушта и под дејство на пареа, со што кожата се припрема за третман. Порите се отвараат, а телото се ослободува од токсини.
Потоа се нанесува Хамам паста. Со малку вода, пастата се претвора во млечно бел лосион. Омекната паста потоа се нанесува на целото, мокро тело, вклучувајќи го и лицето.

употреба на хамам сапун
млечно бела емулзија која се добива со малце вода додадена во Белди


KESSA- фото
Откога ќе се нанесе, се прави масажа со специјална, груба ракавица, која локално се вика KESSА. Масажата се прави на целото тело, а бидејќи ракавица го прави и пилингот на телото, тоа се чисти од насобраните токсини, се ослободува од наслагите на изумрените клетки на површината, а кожата станува мека. Се вели дека само еднаш сте имале таква кожа- кога сте биле бебе! Масажата трае околу половина час/45 минута, а потоа Белди се остава да делува на кожата до десетина минути.




Откога ќе заврши оваа фаза, телото се плакне со топла вода, обично со мека тканина. Пената која се направи е кремаста, со мало меурчиња, така да всушност наликува на лосион, а не на сапун.

масажа со белди сапун
проба на Белди нанесен на мојата рака и нога, без употреба на ракавица
  
Завршната фаза на третманот е мачкањето со арганово масло. Арганот (самото дрво) расте во Мароко, така да маслото се прави од давни времиња, па локалните жители ги знаат сите тајни и бенефити од арганово масло.
Целиот третман со Белди сапун трае околу еден час.

За да го имате право спа доживувањето Белди сапун , неопходна ви е сауна, бидејќи од најголема важност е телото да биде изложено на пареа, за да се отвораат порите.
За користењето на Белди сапун не постојат органичувања, во смисла на тип на кожа, на старост, здравствена состојба на кожа и други фактори. Овој сапун можат да го користат сите.

Се надевам дека ви се дoпадна приказнатa за Белди и нaшиoт течен сапун!
Имајте убав викенд од утре!


18 comments:

  1. It was not easy with google translator...I wish this post was in EN as I have never made a liquid soap before. But I know I can always ask you, so this saves me :)
    I can't believe how much foam this Hammam soap can make, and it really looks good and attempting! Congratulations, Maja, on these new products!

    ReplyDelete
    Replies

    1. Sorry Nat (and everyone else), but this post would have been long like a book, if I had translated it. I checked on translator, it seemed pretty fine and correct to me.
      In fact, beldi really looks like a lotion, thick, white layer stays on, but it's very uncomfortable to put it on, then wash your hands, take a camera with a dried hand and finally take a photo.
      Hihi, sure you can ask, here I used glycerin instead of water.

      Delete
    2. Hi, Nat (and others who miss english)! Marie from "Humblebee & me" has written about making liquid soap in english and from "Soap&Restless" you can find information about Beldi soap in english.

      Maya, is this Beldi commonly used in Macedonia, you are quite near to Marocco? I guess that would be wonderful soap in wintertime for dry skin. And where do you buy potassium hydroxide to make liquid soap?

      Delete
    3. Sorry, Maja, I forgot the post was in Macedonian, I put 'serbian' as foreign language :). Now I understand your post better :).

      Delete
  2. O no, we're not that close to Morocco, Sini, it takes as long as to you, by plane. I've read and heard about beldi from soap fellas, but never made it, until I got a quest from a hotel&spa center for it.
    Then, when I spoke to hubby, he said he's familiar with the thing, but he was sure the ethical Turks who lives here use the hammam bar, not the paste. So practically, you can have two versions of hammam soap, of which, only this one is beldi. I'm gonna make a hard bar hammam soap, too, but I don't think we can experience neither properly, without having steam room first (sauna).
    I get KOH from my regular local supplier, but yes, it's not generally so available.

    ReplyDelete
    Replies
    1. O yes, you need potassium for beldi,also.

      Delete
    2. You need to come here to try it with sauna :D I'm not sure how easy it is to find potassium hydroxide here, but I will try to find out, I'll need to order more natrium hydrokside anyway so I could order that too.

      Delete
    3. You made me curious about hammam hard bar, I didn't even know one can make it. Can't wait to read about it here, Maja!

      Delete
  3. Po prvi put cujem za beldi sapun I bas si me inspirisala da ga isprobam! Tecni sapun sam do sada pravila nekoliko puta i mogu samo da preporucim koriscenje! Izrada jeste mukotrpna ali se stvarno trud isplati.

    ReplyDelete
    Replies
    1. (reply for my all English readers,also).
      I wouldn't have made the Beldi if I hadn't been requested one, because it's pointless to use it at home.
      As for liquid soap, I made it with glycerin in place of water, which is far quicker method. The Beldi soap was made traditionally, but it also can be using 'glycerin method', considering that they both need KOH, as a saponifying agent.
      Yes, using liquid soap is terrific, reminds me of the old times, when I had a dozen of bath gels&creams in my bath. Now, I do have them again! :-)
      However, I still use soaps, I suppose I'm in deep love with them!

      Delete
  4. The Beldi soap experience sounds amazing and kudos to you for making it since it sounds like quite a lot of work. I love the liquid soap and your pictures of it in the various stages. You are amazing Maja.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Yes, indeed,it is, but pity I can not have it at home! Actually, it's not that complicated, but you need to be patient.
      Oooo nooo, I'm not amazing, but I'm amazed by your lovely words, as always!

      Delete
  5. Great post Maja - very nice to see the different stages of liquid soap making. Is there any chance of you posting a tutorial sometime? ;-)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Thank you Vicki, I'm glad that you managed to translate the post. I don't think I will post the tutorial, but in case you want to try your hand at making it,I'm here to help and will gladly do so!

      Delete
  6. So netrpenie ocekuvam i ovaj sapun da bide vo prodazba.Iako e namenet za vo sauna so celosen spa tretman,sepak mnogu bi sakala da go imam. I da i jas mislam deka ste izvonredna:)))) Pozdrav Zorica

    ReplyDelete
    Replies
    1. Eh Zorice, da go napisavte komentarot porano, bi Vi pratila od beldi sapunot zaedno so Vašata naracka od pre nekoj den!
      Vaka, ke ostane za sledniot pat!
      Vi blagodaram mnogu na komentarot i sto go sledite blogot!

      Delete
  7. Da da definitivno za naredniot pat:)))))) Se sto vredi vredi i da se poceka:))
    Pozdrav Zorica

    ReplyDelete

Thanks for your comment