head

11.4.18

Y-Booster - Нова крема со пептиди (ALERT: NEW,NEW,NEW...)

После многу поминато време, нешто ново на блогот. 
Денес никој нема време за читање блогови, но јас имам многу важни информации, кои, поради должината, не се за Facebook. 
Некои интересни текстови ги ставив и во Facebook Notes, за да бидат лесно доступни и таму. 
Y-Booster постои веќе некое време и одлично се покажува. Како по перформансите, така и по побарувачка и тоа благодарение на неговите состојки, т.е.активните компоненти со кои обилува и тоа во максимални концентрации. 
По пептидите долго време „патев“, затоа што се прескапи, слабо достапни, а козметичката индустрија бруји за нивните ефекти. Но, ги најдов....
Па да се потсетиме!




Што се пептиди?


Пептидите се молекули од низа аминокиселини, исти оние кои се составни дел на протеините. Ако не збориме за козметика, пептидите се користат во медицина, ветерина, као додатоци за исхрана и спорт. За секој орган е развиен пептидни комплекс и тие делуваат со прецизна цел. Поради извонредните способности, како и резултатите што ги дава комплексот на пептиди, минерали, витамини и фитоелементи, во спорт се третираат како допинг.
Но, да се вратиме на козметика. Протеините (колаген, еластин) се големи молекули, кои, кога се ставаат топикално, не можат да продрат до подлабоките слоеви на кожата. Пептидите се, од друга страна, кратки ланци, помали молекули, кои ја имаат таа способност.



извор на сликата



Што прават пептидите?

Нивната примена во козметика е, се разбира, anti-age. Зависно од должината на ланците на аминокиселините во нив, постојат дипептиди, трипептиди, тетрапептиди....итн (протеините се ланци од најмалце 50 аминокиселини).
Пептидите не го носат колагенот во кожата, тие се дизајнирани да ги имитираат природните процеси кои се случуваат, а кои доводе до тоа да кожата сама почнува да генерира колаген и други протеини. Значи, ние не додаваме протеини во кожата, туку ја поттикнуваме на создавање сопствениот.

Како се случува тоа? 
Природно, колагенот има свој животен циклус. Кога дојде до неговото разарање, тој ослободува фрагменти, кои всушност се пептиди (мали делови од протеините). Овие фрагменти делуваат како клуч и брава со клетките на кожата, кои имаат рецептори за вакви пептиди. Добивајќи сигнал дека колагенот е уништен, овие пептиди ги „отклучуваат“ рецепторите на клетките за создавање на нов колаген. Совршено! 
Но, проблемот со овој природен и совршен механизам е што старееме. Како старееме, така се овој механизам забавува, „изморува“. Затоа ни помагаат пептиди, кои пак го инспирираат целиот процес. 




Видови на пептиди:

Према функционалността, пептидите се делат во 4 групи:
  1. Сигнални пептиди или Collagen Bossters- како името и само кажува, овие пептиди даваат сигнал до клетките да нешто прават. И тие го прават баш тоа- поттикнуваат продукција на колаген и еластин. Ова делува како да брчките се пеглаат од внатре, се подобрува струкурата на кожата, таа станува позатегната. 
  2. Носачи  (Carrier) -  Овие пептиди пренесуваат, испорачуваат микроелементи (бакар, магнезијум) до клетките. Делуваат противвоспалувачки на кожата, ја поттикнуваат еластистичноста и го подобруваат целосниот изглед на кожата.
  3. Невропептиди  -  невротрансмитер инхибитори. Нивното делување често се пореди со делувањето на ботокс, бидејќи ги отпуштаат мускулите, посебно кајшто се изразени мимички брчки, па тие стануваат помалце склони кон контракции, а со тоа и кон создавање брчки, додека постоечките брчки се релаксираат.
  4. Ензимски инхибитори -  Овие пептиди имаат улога да спречат делување на оние ензими кои делуваат на уништување на колагенот. Со вакво делување, колагенот од кожата останува витален подолго време, а кожата подолго млада.  

Пептидите се добиваат синтетички (некои аминокиселини се природни, некои се добиваат синтетички), потполно се чисти, безбедни и биоразградливи. 

Конечно стигнавме до поконкретни работи-

ПЕПТИДИ ВО DIVA СЕРУМСКА КРЕМА, Y-BOOSTER!

  1. Syn Coll (INCI: Palmitoyl Tripeptide-5, Glycerin) - Патентиран пептид од групата на сигналните пептиди. Механизам на делување е токму како е опишано погоре. Клиничките студии докажуваат да примена на овој пептид доводи до: 
  • стимулација на синтеза на колаген, но и забавување на деградација на постоечкиот 
  • активно ги отстранува сите типови на брчки 
  • обновува оштетени ткива (тука спаѓаат и стрии)
  • делува зацврстувачки на кожата, а при тоа и ја хидирира.
Клиничките студии покажаа да употреба на Syn Coll-от во период од месец дена дава лице со пофини пори, ублажени брчки, со лифтинг ефект и помлад изглед на кожата. Докажано е безбеден, ефикасен и не изазива иритации. Ова е пептид од првата верзија на Y-Booster-от.


      2. Нов пептид во Y-Booster-от - Matrixyl Synthe 6 (ili S6000) (INCI: Glycerin, Aqua, Hydroxypropyl Cyclodextrin, Palmitoyl Tripeptide-38). 
Најпознат Matrixyl пептид е оној со ознака 3000, кои постои од 2003. година. Matrixyl Synthe 6 е пептид од поновата генерација, поделотворен од својот претходник и одлично се слага со спомнатиот Syn Coll. 
Matrixyl Synthe 6 има механизам на делување сличен како SynColl -
и сигнализира на кожата да производи колаген, еластин, хијалурноска киселина... Ги поттикнува клетките од внатре да бидат посилни и поеластични, додека хидирачката хијалуронска киселина ги поплнува клетките од внатре, а кожата изгледа помладо. Делува на проблематични делови од лицето, вклучувајќи опуштена кожа, брчки околу очите, усните, носот,на челото, како и други знаци на стареење. 
Matrixyl Synthe 6 ги стимулира 6 главните компоненти на матриксот на кожата и епидермално-дермална врската:
  • Колаген I - главна компонента на дермисот
  • Колаген III - колаген на младостта.Овој тип се генерира во најраната фаза после повреди на кожата, пред да се активира колагенот I. Се наоѓа во везивни еластични ткива, вклучувајќи и кожа, мускули, крвни садови, а неговата продукција паѓа со годините.
  • Колаген IV -  важан дел во залекување на рани и обновување на ткива. Делува на кератиноцити, кои се главни тип на клетки во епидермисот и всушност, тие се заштитници на кожата од надворешните влијанија. 
  • Фибронектин- гликопротеин важан во процеси на залекување рани. Се врзува за колагенот и со тоа го стимулира и забрзува опоравувањето.
  • Хијалуронска киселина значајно влијае на задржување на влагата во кожата, а со тоа се подобрува нејзина еластичност. Исто така, таа има способност да носи активни компоненти до подлабоките слоеви на кожата.
  • Ламинин 5 - значаен во одржување на мембраната помеѓу дермисот и епидермисот. Тој е комуникатор помеѓу двата слоја и нејзината функционалност влијае на здравјето и состојбата на кожата.
 Клиничките студии покажуваат дека во рок од 2 месеца користење овој пептид, за 31% се намалуваат видливи брчки на чело, додека кожата е драматично помазна. Matrixyl Sinthe 6  е заштитен со патент и ги поминал сите алнализи кога се во прашање сигурност и безбедност.

МОИИИИ!!!


Што уште содржи Y-Booster-от?



  • Во составот уште има и витамин А (INCI: retinyl palmitate),т.е.негов прекурсор, кои е постабилна и неиритиракча форма на витаминот А. Во допир со кожата, благодарение на нејзните ензими, се претвара во ретинол и понатаму, во ретинска киселина.










  • Тука е и билен хијалурон. Ова е всушност екстракт од билка тамаринд,  Tamarindus Indica (Tamarindus Indica Seed Gum), за кој се покажало да ги надминува ефектите на хијалуронската кислеина, кога станува збор за влажење, хидратација и израмнување и целосен изглед на кожата. 



Drvo tamarida (izvor fotografije)
plod tamarinda (izvor fotografije)




Серумот е наменет за сите типови на кожата и затоа е лесен, немрсен и брзо се впива. Серуми и креми со голема количина на активните состојки, како оваа крема, мораат да бидат такви, затоа што оклузивност од масла и путери спречава мобилност на тие активни состојки и тие остануваат на површината на кожата.


Tamanu drvo (izvor fotografije)





Divno tamanu ulje

  • Затоа е носечко масло во оваа крема само органско органско Таману масло, фантастично anti-age масло, познатго по своите извонредни карактеристики против прерано стареење на кожата, иритации, воспалениа, неремномерен тен, а со своите силни антимикробно, антивирални и антисептични дејства, го поттикнува имуниот систем на неповолни егзогени фактори. Маслото е темно зелено, многу вискозно, во фрижидер е во скоро цврста состојба. Мириса преубаво, интензивно и „зелено“. Спаѓа во луксузни и скапоцени масла.  




Можеби на вас со сува кожа, овој серум ќе биде недоволно мрсен. Затоа се советува да се нанесе првин серум, па потоа, откога ќе се впие, и помрсна хранилива крема. Се препорачува за возраст над 30 години, но нема несакани ефекти и кај помлада кожа.
Поради витаминот А, Y-Booster-от е наменет само за ноќна нега. 
Сите активни состојки се во маскимални концетрации, за најдобри ефекти.
Пакуван е во стаклено шише од 30мл. Препарати со овие пептиди се прескапи секаде во странство, што може да се уверите и сами, така што цената на овој серум е на граница на исплативост. 
Ви благодарам што останавте до последните редови!




1 comment:

  1. I was diagnosed as HEPATITIS B carrier in 2013 with fibrosis of the
    liver already present. I started on antiviral medications which
    reduced the viral load initially. After a couple of years the virus
    became resistant. I started on HEPATITIS B Herbal treatment from
    ULTIMATE LIFE CLINIC (www.ultimatelifeclinic.com) in March, 2020. Their
    treatment totally reversed the virus. I did another blood test after
    the 6 months long treatment and tested negative to the virus. Amazing
    treatment! This treatment is a breakthrough for all HBV carriers.

    ReplyDelete

Thanks for your comment