head

30.10.13

Природна крема за лице - Natural facial cream with Black Cumin, Jojoba and Sesame oils

                                                        
-Лекува се, освен смртта-
                           Мухамед

Уште многу пред Мухамед, египетските фараони знаеле за бенефитите од масло од црното зрно, т.е. црн ким (Nigella Sativa). Клеопатра му била приврзана за негување на својата убавина. Мора да признаеме дека и денес можеме многу да научиме од неа.
Денешните клинички испитувања ја докажале целата делотворност на ово масло. Успешно се користи кај алергиите, астма, пробавни проблеми, дијабетес, холестерол, грип, висок притисок. Маслото од црно семе е одобрено да сее користи како помошна терапија кај заболени од канцер Покажува снажно дејстивие на поттикнување на имун систем и се користи како помошно средство (али и превентива) кај лекување на заболените од канцер. Американската сојузна управа за контрола на храна и лекарства ја одобрила употребата на ово масло во тек на хемотерапија, за  спречување на несакани ефекти и зајакнување на имуно- системот. Клиничките испитувања покажале дека ова масло го редуцира растот на заболени клетки до 50% , а дури до 250% го поттикнува стварањето на клетките во кичмената мождина.

масло од црно семе













Поседува преку 100 активни компоненти Да ли е можно да некоја природна супстанца има толку моќни ефекти? Изгледа дека е, а тоа се објаснува со повеќе од 100 активни супстанци, кои ги содржи ова семе (масло), а сите делуваат позитивно на одредена пореметена активност на човечките органи- некои се со силни дејствиа на алергии, некои делуваат на пробавни проблеми или проблеми со жолчката, итн.
Во својот состав, ова масло содржи:
  • протеини
  • витамини Б1, Б2, Б3, фолна киселина (Б12)
  • калциум
  • железо
  • бакар
  • цинк
  • фосфор
  • есенцијални мрсни киселини
Но, сето ова не беше доволно за да се најде во мојата крема. Дејствијата на ова масло врз кожата, дефинитивно беа.


природна крема за лице
мојата крема

Дерматолошка примена

Јас најмногу бев заинтересирана за овој дел од палетата на ова богато масло. Тоа обилува со антибактериски својства и е одлично за мрсна кожа, бидејќи делува на акни, екцеми, псоријаза, али и го спречува појавување на истите. Мојата кожа на лице не е заболена, но сепак е повеќе мрсна отколку нормална, и сакам да ги користим средствата кои го реглуираат лачањето на себумот. Но, можеби уште повеќе од овие дејствиа, она што ме определи да дефинитивно го уврстам во маслата за мојата крема е неговиот anti-age ефект. Благодарение на неговиот богат состав, ова масло има заслуги и за израмнување на фини брчки и воједначување на тенот.
И годи на кожа со дерматолошки проблеми, на мрсна и има 'anti-age' ефект Сето ова беше доволно добар разлог за да се најде во мојата крема.
Бојата на ова масло е темна, дури и потемна отколку се гледа на сликава, но мирис......
Мирисот е толку силен, да мислите, да после него, ништо повеќе не може да осетите. Мириса помалку медицински, но тоа на мене не ми пречеше. Сепак, следниот пат ќе ставам некое етерично масло, барем малку да га неутрализирам.


ладно цедени масла


Од останатите масла, користев сусамово и јојобино, кои исто така се одлични за мрсна  кожа. Впрочем,  јојобиното масло е идеално за сите типови на кожа, бидејќи има сличен состав како себумот на човечка кожа.   Јојобиното масло е по состав слично на себумот на човековата кожа Богато е со витамин Е, кој је силен антиоксиданс, со комплекс на витамини Б итн., помага при хидрирањето на кожата и ја прави мазна и глатка. Лесно се впива, оставајаќи ја кожата сјајна и мека. Колку е универзално ова масло, говори и тоа што се користи за сува кожа, да ја хидрира и овлажува, но и за мрсна и проблематична, бидејќи ги уништува бактетии и спречува развој на акни. 

Сусамово масло има исто така антивоспалувачка, антивирусна и антибактериска својства и е одличан борац против акни и мозолчиња. Регулира лачањето на себум, лесно се впива во кожата, а то го прави одлично и за апликацијата. Има способност да ја окрепува оштетената кожа, намалува воспалениа, што го прави одличен избор за нега на кожа после сончањето.
Хидролати се нус производ кој настанува во текот на производство на етерични масла и имаат сите особини како тие


Како течност за ова крема , не користев вода, туку хидролат (хидорсол) од римската камилица. Сите знаеме за антивоспалувачки и смирувачки дејствиа на ова билка. Таа е добар избор за сите намени и типови на кожа.

состојки за крема
Состојки за крема

За сите заинтересирани,  деновиве ќе го објавиме првиот текст, кој малку подетално ќе ви разјасни појмовите кои се користат во природната козметика и оние со кои не секојдневно 'бомбардираат' на рекламите- без парабени, без конзерванси, итн.

Јас уште малце ке ја потрошам оваа крема, а во припрема се и нови, со новите масла - масло од семки од тиква, масло од семки од кајсии, а ве уверувам дека сите тие масла, а некои нам се на дофат, се предобри за наша конзумација и кожа.

Ако ви се допадна текстот и ако сакате да прашате нешто, ве повикувам да коментирате, ќе ми биде бескрајно задоволство да ви одговорам!

Се гледаме наскоро!


My dear English readers, you must agree, this post's been quite long. Luckily, I made my translator work now, so it is of a true use now. I checked the translation myself, it seems to be as fine as possible. However, if you find it confusing, or misinterpreted, please, let me hear you, I'll be happy to answer!
Cheers!


Состав/ Ingredients: Хидролат од римска  камилица (Roman Camomile Hydrolate), Масло од црно семе (Black Cumin Oil), Јојобино масло (Jojoba oil), Сусамово масло (Seseme oil), пантенол, panhtenol, Cetyil Alcohol*, Sodium Lactate*, Оливем 1000 (Sorbitan olivate , Glyceryl stearate), конзерванс (Dehydroacetic, benzyl alcohol.)


*Cetyl Alcohol- природен стабилизатор на емулзијата и регулаторот на конзистенцијата. Се добива од билни масла (и нема врска со алкохоли на кои првен се помисли )
* Sodium Lactate- натриумова сол на млечната киселина, природен антиоксидант, овлажнувач и природен конзерванс (се користи како раствор, тзв. Хатрманов, за интравенски инфузии во болници)


Дознајте повеќе за природна козметика во овој текст


* *Овој текст не е напишан од комерцијални причини, бидејќи 'DivaSoap' нема да ги  комерцијализира производи од овој тип, туку е наменет за сите лубители на природна козметика, оние што ја  користат, оние што планираат да ја користат, и оние кои би сакале да преминат од комерцијални, штетни состојки во нивната секојдневна рутина, на природните производи.


10 comments:

  1. Skroz ti opasno izgleda ova krema, rado bih je probala!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Oseća se zatezanje na koži kad je staviš, pa ja to računam da onaj 'anti-age' efekat stvarno radi. Jedino ne znam kako bi odgovarala tvojoj suvoj koži, budući da sam je pravila za masnu. Ako si ipak zainteresovana, kad napravim drugu turu (pošto je ova pri kraju,a i iz higijenskih razloga), da ti pošaljem na testiranje? A možda napravim i neku za suvu kožu, kad nabavim još neka ulja :-)

      Delete
  2. What a wonderful sounding cream Maja! Sounds so soothing and rejuvenating at the same time!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Ooh, this part with rejuvenating attracted me the most! :-)
      You really feel the cream firms and tightens your skin, i believe tgst comes from black cumin oil. I have more experiments in mind, I just wish I could make smaller batches, so I could make more creams.

      Delete
  3. How interesting ingredients. It is nice to always learn something new, because black seed oil is not familiar to me. I thought first that it was black sesame oil.

    ReplyDelete
    Replies
    1. No Marika, it's not the same. Although I heard that black cumin oil can be found with different Latin names, only Nigela Sativa is the real thing, with all beneficial properties. Search a bit, you will find amazing stuff and uses of this oil.

      Delete
  4. Sounds like pure bliss for the skin! It's really exciting to discover all these different oils, but the key is where to get them! Making lotions and creams is something I want to try, but right now I am too stuck on soap to do anything else. :-)

    ReplyDelete
    Replies
    1. This oil's become very popular here due to its health properties. It's native to south and southwest Asia (mine was imported from Pakistan), I believe you can find it locally, in the health food stores.
      Passion for making toiletries seems to come slowly, but inevitably :-).
      As more soaps you make, the bigger lust after other product is!

      Delete
  5. Looks like a wonderful cream, Maja, and the ingredients sound so luxurious and beneficial. Thanks for sharing the info about the properties of the oils!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Thanks Jenny! I'm discovering oils I have never heard before and it's almost unbelievable what mother nature had created for us. We just need to discover! That's what this wonderful craft makes neverending exploring story!

      Delete

Thanks for your comment