head

6.4.15

Откриваме- состојки во природната козметика

ПОТСЕТУВАЊЕ НА ОСНОВАТА

Скоро нема ден да не прочитам или дознаам за некој нов произодител на природна козметика. Тоа воопшто не би било лошо, тие да се вистински познаватели на природната козметика и на хемијата која е позади секој козметички препарат. ОК, не сум ни јас хемичар, но постојаното учење на оваа тема секој ден ми носи нови созанија, кои ги применувам на оние препарати кои самата ги подготвувам. Прво и основно, мора точно да се знае што е она што МОРА да содржи една крема.
Во воведниот текст за природна козметика, се обидов на краток и јасен начин да ја доближам оваа тематика на обичниот потрошувач и да ги објаснам основните правила.

Значи, малку е и милион пати да се повтори: нема крема без емулгатор и конзерванс. Ако во емулзијата има вода, мора да ги има и овие две компоненти. Дали знаете дека со безбедноста на произовдотот се оди толку далеку, што дури и произовдите кои не содржат вода, како кремастиот пилинг за тело, содржат конзерванс. Се прашувате зошто?
Затоа што пилингот е производ кој ќе ви стои во бањата и секогаш кога го користите рацете сигурно нема да ви бидат суви, а со тоа ќе внесете и минимална количина на вода. Водата причина проиводот да се расипе.
Дали можете да се направи крема без вода? Да, но тогаш тоа ќе биде путер (кремастиот путер), а не крема, која подразбира присуство на вода. Водата е состојка која овозможува корисните компоненти од кремата да влезат во кожата, а не да останат на нејзината површина. Водената фаза е таа која ја носи хидирачката моќ и затоа ни е потребна.
Во спротивно, би користеле вода и микс на масла, како двокомпонентна мешавина т.е. како две посебни фази.


фото извор
 Ако пак решите да имате вистинска крема, тогаш ви требаат масла, емулгатор кој ќе ги спои водената и мрсната фаза во хомогена смеса, а и, повторно ќе напоменам, конзерванс, кој ќе го штити производот од расипување.
Расипувањето не е нешто што секогаш можете да го видите со очи. Микроорганизмите се невидливи за нашите очи,  но тоа не значи дека ги нема. Како во секојдневниот живот, така и во кремите. 
На интернет постојат милион сајтови кои даваат рецепти за разни домашни креми. Ако забележите дека во составот го нема емулгаторот, веднаш можете да престанете да читате. На пример, земете обичен зејтин или маргарин, додајте му вода (нпр. пола-пола) и матете. Веројатно ќе успеете да добиете хомогена смеса, но после половина час, вашата емулзија ќе се пак подели на масло и вода.

Исто така, на оние “постручни“ сајтови ќе најдете рецепти со емулгатори, но без да се спомене конзервансот. Таквата крема можете да ја користите дома, и тоа ако ја чувате во фрижидер само до 7 дена. Но, вакви мешавини не излегуваат од вашата кујна. Вакви мешаници не смеете да продавате. Всушност, не би смееле.






вака и кремата се расипува
Фотографијата од десно е направена токму пред да го напишам постот, и тоа како порачана, токму кога ми затреба.
Вака изгледа шише со чиста, оригинална вода која била спакувана во него, од кое никој не пиел неколку дена.
Дали ја гледате црната дамка во капакот?
Тоа е мувла.
Целото шише заврши во корпа за ѓубре.
Исто како што би требало да заврши и секоја крема, непрописно заштитена од расипување.
Во шишето имаше само вода, но замислете што би било ако освен водата, во него имаше некоја мешавина.








КОМПЛИЦИРАНИ ИМИЊА


Често ќе имате можност да прочитате дека ако не ги разбирате состојките на некој производ, тогаш тој не е природен.  Но, дали тоа е точно? Не токму!
На пример, како ви звучат следните имиња Cetearyl Olivate и Sorbitan Olivate", или "Cetearyl wheat straw glycosides, cetearyl alcohol"?
“Хмммм, алкохол.....тоа сигурно не е добро“- можеби си помислувате.
Но, дали знаете дека прочуениот глицерин исто така спаѓа во групата алкохоли? 
Имињата кои ги наведов се компоненти на природните емулгатори. 
Затоа сега ќе пробаме накусо да ги опишеме основните состојки, кои првенствено и самата ги користам, како и оние кои планирам да ги користам. 



ШТО КОРИСТАМ ЈАС?


За да некоја крема одговара на било кој тип на кожа, таа мора да исполни некои основни критериуми кога се однсува до нејзините физички карактеристики. Кога ги правам кремите, тргнувам од саканиот краен резултат. Што сакам со кремата да се постигне и како да изгледа? Всушност, кремата може да се направи од било кое масло и оние два важни конституенти. Но ако сакате квалитетни, функционални и делотворни креми, тогаш не е доволно да имате нешто што само личи на крема и се мачка. 
Еве ги појдовните правила, кои доаѓаат пред функционалноста на кремата:
  • Треба лесно да се нанесува. Никој не сака секој ден да се бори со кремата која тешко се размачкува, која “запнува“ под прстите, додека ја мачкате.
  •  Да се впива. Ова е посебно важно кога/ако се шминкате. Не сакате крема која ќе ви остава тежок филм на лицето и се топи под вашата шминка.
  • Да нема “сапунест“ ефект. Тоа значи дека кога ќе ја нанесете, таа остава бели траги, кои треба долго да ги размачкувате за да ги снема. Овој ефект го даваат некои емулгатори, како и фактори за конзистенција, а постојат содветни состојки кои ова го ублажуваат/спречуваат. Меѓутоа, ова не е никаков функционален недостаток на кремата, туку претежно естетски. 
Кога се задоволени овие критериуми, тогаш на ред доаѓа и функционалноста на кремата. Лично сметам дека, ако кремата не ги задоволи горе наведените услови, нема да ви се допадне. ни во случај кога нејзините функционални карактеристики би ви одговарале.

Ќе наведам некои состојки кои ги користам (како и оние кои уште не ги користам), а листата постојано се продолжува. 
Во оваа листа нема да објаснувам за маслата, кои навистина ги има многу, но и нивната листа исто така се зголемува. 
Маслата веројатно ќе добијат свое поглавје, иако генерално, за нив се знае многу повеќе. 




ЕМУЛГАТОРИ


Како што веќе знаете, мое лично определување е да користам природни емулгатори, впрочем како и сите други состојки за кремите и лосионите, секојпат кога тоа е возможно.
Значи, листата за моите емулгатори изгледа вака:

  1. Olivem 1000, INCI: Cetearyl Olivate, Sorbitan Olivate 
  2. Xyliance, INCI: Cetearyl wheat straw, glycosides cetearyl alcohol 
  3. Phytocream 2000, INCI: Potassium Palmitoyl, Hydrolyzed Wheat Protein, Glyceryl Stearate, Cetearyl Alcohol 
  4. Montanov 68, INCI: Cetearyl Alcohol , Cetearyl Glucoside

Овие емулгатори, не само што се природни и одобрени од страна на сертификациони тела, туку и самите имаат бенефити за кожа- ја негуваат, омекнуваат и хидрираат. Спаѓаат во групата на модерни емулгатори, кои не ја иритираат кожата, ја помагаат пенетрацијата на активните состојки од кремата, го спречуваат губитокот на влага преку површинскиот слој на кожата. 
Покрај овие, постои и цела низа други емулгатори, а често еден од критериумите за нивниот избор е - нивната достапност. Сепак, овие се врвни, а можеби и најдобри во моментов.




МАСНИТЕ АЛКОХОЛИ


Масните алкохоли се емолиенси, коемулгатори и згуснувачи. Важни се за стабилността на емулзијата. Но, не само тоа. Не се иританси и одлично делуваат посебно на сува кожа. Потекнуваат од кокосово или некое друго масло. 
Тука спаѓаат и најчесто се користат:  Cetyl Alcohol, Cetearyl Alcohol, Behenyl Alcohol, Stearyl alcohol.
Скоро и не постои крема која не содржи еден или повеќе од нив, а воглавно се и дел од емулгаторот. 




ХУМЕКТАНТИ


Ова се навлажнувачи, или “чувари на влагата“  во нашата кожа. Всушност, сакам да направиме разлика помеѓу нив и оклузивите. Хумектантите ја земаат водата од надворешната средина и ја венусуваат во кожата, значи обезбедуваат нова влага, додека оклузивите ја чуваат влагата која веќе е во нашата кожа и не и даваат да “побегне“ од неа.  Зошто ги сакаме во производот? Затоа што хидрираноста е прв услов за кожата да изгледа младо, свежо и здраво. Што повеќе влага, толку е подобар нејзиниот статус. Во групата на хумектанти се наоѓаат многу состојки, а еве некои кои јас ги користам:
  1. Натријум-лактат (Sodium Lactate): ова се користи и како инфузија во болници (Хартманов раствор). Се добива по пат на ферментација на шеќерна трска, компир или друг зеленчук богат со скроб, при што настанува млечна киселина која потоа се неутрализира.  Инаку, за нега на кожата е одличен хумектант, кој делува и откако ќе се измие. 
  2. Сорбитол - 'сладок' хумектант кој потекнува од овошје и зеленчук. Тој влијае кожата да изгледа мазно.
  3. Глицерол (глицерин)- веројатно најпознат и најкористен хумектант. Бидејќи во поголеми количини дава чувство на лепливост, тој често се комбинира со другите хумектанти.
  4. Пантенол - одличен хумектант, но и емолијенс, кој при допир со кожата се претвора во витамин Б. Ја има способноста да продре во дермисот, а помага и на другите состојки да допрат до него.




ЕМОЛИЕНСИ

Емолиенсите се супстанции (хидрофилни или липофилни) кои ја омекнуваат кожата. Ја имаат способноста да ја сочуваат водата во кожата, а веќе напоменав колку е важно влагата да се задржи во кожита. Тие се често и хумектанти.
Нивното присуство овозможува моментално олеснување кај затегнатата и сува кожа, правејќи ја мека и хидрирана. 
  •  Каде се наоѓаат? Во маслата и путерите, т.е. во нивните триглицериди (тоа се оние липофилните), но и во супстанции како алантоин, хидосоли (хидрофилни). Потоа, тука се и протеините на свила, овес, пченица, пченка, соја, итн.
Алантоинот е една од најсаканите супстанции во кремите и лосионите, бидејќи и помага на оштетената кожа да се регенерира, како од надвор, така и од внатре. Алантоинот е хипоалерген и се користи за сите типови на кожа. 
Протеините од свила го збогатуваат секој козметички препарат, правејќи го луксузен. И тоа не само заради името. Протеините на свила содржат 18 амино киселини и имаат состав сличен на човечката кожа, што ги прави идеален извор на состојки потребни на кожата. Помагаат при одржување на влагата во кожата и го спречуваат нејзиното исушување. Ја прават кожата мазна и се однесуваат како да ќе ги “заробат“ маслата од површината, со што ја намалуваат видливоста на порите. Протеините на свила имаат и антибактериско дејство и одговараат на сите типови на кожа. Протеините од овес делуваат слично на нив.
  •  Каде ги користиме? Па отприлика секаде; пожелни се во секој препарат за нега на кожа. Не постои тип на кожа на кој нема да му одговараат. 
(Покрај алантоинот, кој е во сите емулзии кои ги правам, сега на лагер ми се и овие, вистински луксузни и фантастични состојки- протеините на свила и на овес - YAY )




ВИТАМИНИ:


Витамините, како и провитамините се повеќе се присутни во производите за нега. Тука спаѓаат витамините Е, А, Ц, витаминот Б, провитаминот на витаминот Б  т.е. Д-пантенолот и други.
Витамините се моќни сојузници во негата, во одржување на младоликиот изглед и подобрување на тонусот на кожата. Уште позначајно е што покажуваат фантастични резултати во anti-age препаратива. Веќе и малите деца знаат за ползите од витамините, како и за нивните антиоксидативни можности.
Слаба точка кај витамините е тоа што се многу нестабилни и со првото отворање на тегличката, тие започнуваат да оксидираат. Со присутвото на воздух и светлина, нив едноставно ги снемува од вашата крема. Алтернативата на витамини се нивните естри, кои имаат постабилна форма.
За витамините ќе објавам посебен текст.



ДРУГИ СОСТОЈКИ:

  • Хидросоли (хидролати, флорални водици) се нус производи во производството на етеричните масла и ги имаат сите својства на етеричнто масло од кое потекнуваат, само во разблажена форма. Даваат мирис на прапаратите и го заменуваат делот на водата во кремите. 
  • Етерични масла- разновидните етарични масла се користат заради своите терапевтски својства, како и заради мирис. Како што забележувам, кај разните производители постои пракса мирисните компоненти сомнително и дискутабилно да се декларираат. Некогаш, сосема погрешно. За ваша информација, не постојат етерични масла од овошје (освен од цитрусите, кај кои што ектракцијата се врши од кората): малина, капина, јагода, јаболко, круша, итн; и каде и да забележите некаде ваков опис, знајте дека е лажен. Не постојат етерични масла од билки полни со вода: алое, краставица, лубеница....што и да ви текне. Етеричните масла на декларација не се пишуваат така; не постои Lavander essential oil, постои само Lavandula Officinalis (Lavender) Oil. Производителот може некаде на декларацијата да означи дека се работи за етерично масло, а тоа се прави, пред се, заради потрошувачите. Вообичаено е на самиот крај на етикетата да ги најдете и овие имиња: Limonene, Citral, Geraniol, Methyl Methylanthralinate, Methyl hepatone, Linyl acetate итн, - тоа се конституенти на етеричните масла. На декларацијата се означуваат заради тоа што се алергени.  Но, ако тие се наброени на етикетата, а не го гледате името на маслото, тоа значи дека тие потекнуваат од композиција на етеричните масла, и има помалце од 1% и се означуваат како 'perfume'.  Мора да биде јасно дека етеричните масла се отрови ако не се користат правилно. Нпр. често забележуивам етеричното масло од портокал да се користи во производи кои инаку се користат (и) преку ден, како балзами за уста. Ова масло, како и сите други цитрусни масла (освен на мандарината) е фототоскично и не се користи во производи за дневна нега. Ова е само еден пример на неправилното користење на етеричните масла.
  • Згуснувачите ја даваат конзистенцијата на производот: тоа се вообичаено "gums", т.е. гуми, кога се работи за природна козметика.  Xanthan Gum, Guar Gum, Cellulose gum, Sclerotium Gum се само некои од нив. Се користат самостојно или се комбинираат.
  • Естри: неиритирачки и корисни, посебно за сува кожа. Воглавно се добиваат од реакција на триглицериди и алкохол. Зошто се користат? Маслата и путерите кои се користат во природната козметика понекогаш даваат чувство на тежина на лицето,а и телото. Тука на сцена настапуваат естрите. Бидејќи сакаме да ги почувствуваме бенефитите од маслата, дури и кога ни се премасни, додаваме малку од соодветните естри (нпр. Isopropyl Myristate, Isopropyl Palmitate, Caprilic/Capric Esters-Coco Caprylate и Coco Caprylate Caprate), кои успешно го намалуваат чувството на мрснотија врз кожата. Така и оние со помрсна или мешовита кожа можат да уживаат во бенефитите на маслата. 
  • Јас користам Caprilic/Capric triglyceride и Coco-caprylatе. Coco-caprylatе-от  е природна замена за силикони. Силиконите инаку, даваат мазно, свиленаксто чувство, а овој естер од кокосовото масло им е успешна замена (иако, да се разбереме, не постои природна замена со идентичнен ефект кои го даваат силиконите). Дали се неопходни? Не! И покрај тоа што е возможно да се направи крема без нив, сепак, нивното присутво дава едно попријатно, полуксузно чувство од кремата.


    "COSMECEUTICALS"


    Овој збор потекнува од комбинација на два збора: cosmetic и pharmaceutical и ги опишува козметичките производи кои имаат "фармацевтски" ефекти. Тоа се активни супстанции кои ги додаваме заради добивање конкретен бенефит, а најчести се тнр. anti-age компоненти. 
    Најпознатите се, се разбира: коензимот Q10 и хијалуронската киселина.

    Кoензим Q10 - скoрo фантастичнo звучат реклaмите кoи ги рекламираат прoизвoдите со oвој ензим. Постојат некои студии кои покажуваат дека коензимот може да продре во кожата, при што помага при намалување на брчки. Сепак, тоа уште е дискутабилно. Додуше, иако ја нема ветенета функција на "бришење брчки", тој има атиоксидативна и заштитна моќ од УВ зрачењето, така да неговата примена е оправдана.

    Хујaлурoнскaта киселинa- уште еднa магичнa тајна за млaд изглед. Да или не?
    Хијaлурoнот мoже да пoстoи во висoкoмoлекуларна, но и нискoмoлекулaрна форма (и уште неколку помеѓу овие). Првиот е голем молекул кој не може да влезе во подлабоките слоеви на кожата. Сепaк, висoкoмoлекулaрниот хијaлурoн е oдличaн хидрататор и хумектанс и иaкo нема да ве пoдмлaди, во секој случај ќе имaте убава текстура на кoжата. Вториот, благодарение на мaлите мoлекули мoже да продре до подлабоките слoеви, но тогаш мoже да предизвика преoсетливoст и иритaции. Добро и разумно формулиран, тој може да придонесе на помлад изглед на кожата.  


    КОНЗЕРВАНСИ



    Нема тајни- ако купувате природна, како и рачно изработена козметика, не потпаѓајте на флоскулата " без конзерванси". Ако пак, продавачот/производителот ве убеди дека неговата крема навистина е без конзерванси - не ги фрлајте парите на таква "мешавина".
    Во светот денеска, посебно кај познатите природни брендови, оваа флоскула е одомаќена, но за разлика од приучени производители од овие простори, овие брендови не смеат себеси да си дозволат производот да им се расипе уште на полиците.
    Што прават тие?
    Во споменатиот  прв дел за природна козметика е дел од одговорот.
    Самата логика налага дека не постои земја која дозволува производите да стигнат на пазарот непрописно заштитени.
    Сертификационите тела за природна козметика имаат листа на одобрени конзерванси. Тие не е предмет на избор, туку се потреба и нужда. Вам ви е дозволено само да си го одберете конзервансот, или системот на конзерванси кои ќе ги користите. Ако измислите некој нов конзерванс, па уште и природен, тоа е сосема легитимно, но морате да докажете дека тој и делува.

     Што всушност се крие позади популарната етикета 'preservative-free'? Можностите се следни:

    1. Позади името (INCI) perfume се крие конзерванс. Ова е позната и често користена метода, која елегантно овозможува да го скриете конзервансот. Постојат неколку од нив (кои јас ги знам) и вообичаено се комбинираат, бидејќи не обезбедуваат потполна заштита. Второ, тие се прескапи.

    2. Иако алкохолот мора да се користи во концентрација од некои 15% за да врши функција на конзерванс, тоа е поприлична количина во производите за нега. Сепак, како што дознав, едан познат бренд користи токму алкохол за конзервирање. Алкохолот нема позитивни влијанија врз кожата.

    3. Емолиенси- постои цела низа на производи кои се категоризирани како емолиенси, а всушност ја имаат способноста на конзервација. Ова е идеална маска да се сокрие конзервансот. Постојат цели системи на емолиенси кои ја овозможуваат етикетата "preservative- free“.

    Вака прават познати и големи компании, како и некои помали, кои, под притисок на се повеќе каприциозни купувачи, се обидуваат да ги следат трендовите.

    Останатите, кои произведуваат “тука и таму’, нешто заматуваат и ве уверуваат дека ќе се отруете ако ги користите пропишано конзервираните производи, навистина не ги користат конзервансите и всушност се најопасните учесници, кога станува збор за промовирање на природната козметика. Тие само слушнале дека големите компании прават креми без конзерванси, па изгледа дека тоа го разбрале буквално и до збор, мислејќи дека не треба никако да го заштитат производот.

    Следните слики ве водат директно до текстовите од кои се превземени, па ако сакате, прочитајте:

    изворот на фотографијата













Етеричните масла, различните екстракти (како нпр. на цитрон), витаминот Е, или било кој друг витамин, не се конзерванси и ја немаат моќта да го сочуваат производот. Како што напоменав, етеричните масла се опасни материи, а количината која би можела да служи како конзерванс, не е за човечка употреба.

Што користам јас?
Мојот избор је Geogard 221 (INCI: dehydroacetic acid and benzyl alcohol), затоа што е ефикасен, одобрен од ЕCO CERT и е достапен.
Веројатно во иднина ќе ги комбинирам и другите, исто така одобрени конзерванси, но едно е сигурно- никогаш нема да користам или дадам производ кој не е заштитен.

Сами одлучувате дали и на кого ќе му верувате и дали ќе ги дадете парите за производ кој не е прописно направен. Кога-тогаш и сами ќе се уверите во правилноста на својата одлука. Јас само сакам да го објаснам принципот на правење козметички производи.


                                .................................ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖИ..................................



Се надевам дека ви се допадна текстот и сега имате подобар увид во состојките кои јас ги користам и кои често се среќаваат во природната козметика.
Постојат многу состојки од кои може да се добие крема; многу од нив можете да ги смените, многу да ги одземете и пак ќе имате крема.
Меѓутоа, додавањето на секоа состојка мора да има функција за кремата да станува се подобра. Пред да додадете било што, важно е да ја познавате секоја состојка, нејзините карактериситки и можности, кога и колку се става, дали им пречи на останатите компоненти и дали, во содејство со некои други состојки, влијае на дестабилизација на производот?



Во план е серијата на вакви текстови да продолжи. Очекувам од вас да ми кажете дали и што ве интересира!


Ви  благодарам за вниманието! 
До следниот пост, поздрав! 










References:

http://swiftcraftymonkey.blogspot.com/

http://chemistscorner.com/

http://personalcaretruth.com/

https://www.truthinaging.com/

http://www.skincare-addiction.com/

http://www.smartskincare.com/



http://www.makingskincare.com/preservatives/

http://knowledge.ulprospector.com/



Изворите на фотографиите:

http://www.soapqueen.com/bath-and-body-tutorials/lotion/talk-it-out-tuesday-preservatives/

http://www.blutest.com/news/preservative-efficacy-testing

10 comments:

  1. Wow that was quite the chemistry lesson! You could teach part-time in a high school when you're not making your wonderful products. :D

    I think your buyers are thrilled that you put such time and care into researching your products and taking great care to make a line that have high quality ingredients and look great as well.

    ReplyDelete
  2. I'm glad that Macedonian worked better to understand. The translator didn't work well for the same post in Serbian, strange.
    Well, this is not near nearly a lesson, more like bits of info on ingredients. It's important to me to get them closer to an average buyer of natural, and not so natural cosmetic, because very few of manufacturers do comply with good manufacture practice, ethics and customers' inquiries about their ingredients. This should be transparent and very often, it's not.
    Thanks dear for reading my long posts in every language I write in.

    ReplyDelete
  3. Svaka ti cast na energiji i trudu da da podelis svoje znanje. Sigurna sam da ce citaoci, kao i korisnici tvojih proizvoda, to ceniti!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Hvala Goco, za ovo je stvarno i trebalo energije i vremena, pre svega. Verujem da će koristiti i redovnim čitaocima i onima koji slučlajno nalete na tekst, jer zaista su retki tekstovi, a mnogo proizvođača.

      Delete
  4. Thank you for such detailed post, Maja! I will come back to this WHEN I finally make my first lotion or cream. :)

    ReplyDelete
    Replies
    1. You're welcome, dear. I'm here, just shoot me a mail. If I can help,I'll be glad to.

      Delete
  5. Odlicno Maja kako i sekogas:) Ova e del od seto ona zosto veruvam vo tebe mnogu:) Vakvi artikli se poveke od potrebni sekogas i povtorno i povtornooo.
    Imaj ubav den Maja posebno utresniot den:)
    Zorica

    ReplyDelete
    Replies
    1. Ти благодарам, Зорице. Не се пишува многу на оваа тема, а ни јас не сум пишала за состојките кои ги користам, така да првенствено ми беше целта да ги представам првен оние состојки кои и самата ги користам.
      Имај и ти убави празници и уживај во времето!

      Delete
  6. I really admire your idea of explaining everything so clearly about lotions and the used ingredients, Maja!
    Happy Easter!

    ReplyDelete
    Replies
    1. It's not even near to everything,Nat, but I hope it reveals some secrets and brings new info to the lovers of natural cosmetics.

      Delete

Thanks for your comment