head

25.11.14

'Winter Berries'

Уште еден од новите,зимски сапуни. Можеби се вика ’зимски’, но мирисот, како и самиот сапун,дефинитивно е за сите сезони. Некако е вообичаено да под зимски мириси се подразбираат некои зачински, слатки ноти, потоа варијации со јаболки, тиква и ванила, или пеперминт и лимон, во некои ’потешки’ комбинации, со земјани, или дрвенасти ноти. Наспроти ваквата традиција, овој мирис е сосема спротивен!

природни, рачно изработени сапун, diva soap macedonia
нетипичен зимски сапун

На сликава долу, можете да видите како изгледа “зимската бобица“, т.е 'winter berry'. Ова растение е типично за Северна Америка и Канада и кога го гледате, сосема јасно и оправдано е неговото име. Се користи често за декорација во цветните аранжмани, а како мириса- е, тоа не можам да знам. Но, знам како мириса овој сапун, кој е инспириран со ова грмушка, а тоа е комбинација на овошни, зелени, свежи и чисти ноти. Верувам дека ќе им се допадне и на мажите. На дамите сигурно.


winter berry - photo source



Поради бобиците кои ја украсуваат ова грмушка, и сапунот има вметнати црвени парчиња на врвовите. Кокосот посипан одозгора наликува на снег, но тука и се завршува асоцијацијата на зима.

рачноизработен сапун, diva soap
snow& berries

Покрај тоа што содржи бадемово масло, во сапунот додадовме и кокосов путер, кој се прави од кокосови трошки. Путерите на сапунот му даваат покремаста пена и кондиционирање на кожата, бидејќи содржаат материи кои не се сапонифицираат, и тоа повеќе отколку маслата . Всушност, тие несапонифицирачки материи од маслата и путерите се она што го прават сапунот понежан и подобар.



Тука се и останатите битни фактори, како појдовни суровини, бои, мириси, количина на сода која се користи,  кои сите го прават сапунот добар, или подобар од некој друг. Не се сите рачно изработени сапуни исти, дури и во случај кога ги содржат истите состојки. Сапуните од козјо млеко на пример, се најмного користени и продавани сапуни, но тие бескрајно многу се разликуваат од произдодител до производител. Некои не пенат, некои ја исушуваат кожата, некои се со најефтини состојки направени, а некои не се ни природни.
За да ја видите разликата,  се плашам дека ќе морате сами да испробате и осетите на своја кожа сета ова што ви го објаснувам.  :-)




Сапунот е наменет за сите типови на кожа и достапен е од утре.

СоставSodium Olivate, Sodium Cocoate, Sodium Palmate, Sodium Castorate, Sodium Almondate, Sodium Sunflowerate, coconut butter, coconut shreds, silk fibers, glycerin, frnagrance






ПО ПОВОД НА ДВЕ ГОДИНИ ОД ПРВИОТ БЛОГ-ПОСТ И НА ФБ СТРАНИЦАТА, ОРГАНИЗИРАВМЕ НАГРАДНА ИГРА ЗА СИТЕ ЧИТАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА!
НАГРАДНАТА ИГРА Е ВО ТЕК НА НАШАТА ФБ СТРАНИЦА,А ПОДАРОКОТ Е СОСЕМА ПРИРОДЕН СЕТ ОД САПУН И БАЛЗАМ ЗА УСНИ!
ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ ЗА ДА ГО ОСВОИТЕ ОВОЈ ПОДАРОК!

СО СРЕЌА НА СИТЕ!

9 comments:

  1. Winter Berries sounds amazing Maja, love the coconut topping and I once again wish we had smell-o-vision. Love how you did your signature in the soap in green, makes for a lovely contrast.

    Love the look of your site, the header is beautiful and I could spend hours watching your related posts spin. :)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Hahah, I'm glad you like the new header. I'm not still overthrilled with it, but, honestly, I'm tired of making them. So, it stays until my next enthusiastic moment.
      Actually, a green-coloured portion existed , but I believe that due to this fragrance misbehavnig , I blended it with others, so it's not visible clearly on every bar. That's why I enhanced it a bit with this mica imprint. I love mica stamp mark!

      Delete
  2. Iskreno Maja ovoj sapun me podseka na sladoled od visni:) Prekrasno vkusen sapun imas napravenoo hahha Mnogu mi se svigja sto ima kokosov puter i maslo od badem i kokosovite troski mu davaat poseben smek ma bas kako sladoled.....:) Ovaj sapun e sigurno mnnogu hranliv za kozata ( vakvi karakteristiki za sredstvo za cistenje na koza se mnogu retki) i zatoa diva sapunite za mene se edinstveni tokmu zatoa sto ja nadminuvaat navidum osnovnata funkcija na cistenje na kozata:)) Odlicno povtorno! Pozdrav:)
    Zorica

    ReplyDelete
    Replies
    1. Lele Zorice, imas pravo! Sega i mene me podseka na sladoled. Hmmmm, od narednata godina (ili, ako stignam ,mozebi i ovaa) otvoram firma, mora da te vrabotim za zvacnicno pisuvanje tekstovi za 'Diva' sapunite.
      Divna si, ti blagodaram!

      Delete
    2. :) Ti blagodaram Maja! Ednostavno koga veruvam vo nesto veruvam i ti bas pravis da mi e toa mnogu lesno :)
      I sakam da ti posakam sreka i vo idnina so blogot, so fb stranicata i normalno so Diva proizvodite koi se 'vinovnici' za seto toa da postoi:) So Sreka!!!! :))
      Pozdrav Zorica:)

      Delete
  3. Gorgeous interpretation of winter berries, Maja!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Well,I had other plans,but with the accelerating fragrance, I'm happy to have a decent result! Thanks, Jenny

      Delete

Thanks for your comment