head

25.11.14

'Honey Wash' & 'Dirty Duck'

Првен едно обавестување:



ПО ПОВОД НА ДВЕ ГОДИНИ ОД ПРВИОТ БЛОГ-ПОСТ И НА ФБ СТРАНИЦАТА , ОРГАНИЗИРАВМЕ НАГРАДНА ИГРА ЗА СИТЕ ЧИТАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА!
НАГРАДНАТА ИГРА Е ВО ТЕК НА НАШАТА ФБ СТРАНИЦА,А ПОДАРОКОТ Е СОСЕМА ПРИРОДЕН СЕТ ОД САПУН И БАЛЗАМ ЗА УСНИ!
(поставен е и Widget-от на десната маргина на блогот, кој ве носи директно на наградниот пост)
ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ ЗА ДА ГО ОСВОИТЕ ОВОЈ ПОДАРОК!

СО СРЕЌА НА СИТЕ!



А сега, назад на сапуните!
Еден убав ден бев посебно инспирирана и направив два сапуни, кои за некој ден стигаат во продавницата!
Сапуните се тотално различни, но двата се забавни!
Се надевам дека ќе ви се допаднат!


природни сапуни, рачно изработени сапуни
кога инспирација надоаѓа....



'Honey Wash'

Веднаш, од самото име знаете дека во овој сапун ќе има мед. Медот е изврсен хумектант и емолиент, ја омекнува кожата и напросто, освен ако не сте алергични, нема на кого не му годи ова природна, богата намирница. Но, како и обично, каде ставаме мед, има и козјо млеко, а овде додадовме и слатка павлака. За квалитет +, тука е и какао путерот. Повторно вистинско колаче, нели?

природен сапун, рачно изработен сапун
свилен сапун со какао путер,  мед, козјо млеко и слатка павлака 

Многу ми е тешко да го опишем овој мирис. Ако сте го пробале 'Honey Wash' , кој има класичен и веродостоен мирис на мед, овој мирис е сосема поинаков. Поседува една остра, машка, слаткаста нота, и мене највеќе ме подсетува на, некогаш планетрано популарниот, 'Kouoros' од Yves Saint Laurent. Со горните цветно-билни  ноти, полни со нектар, па до донлите мошусни, медени и ваниласти ноти, кои ќе ве пренесат на мистичниот Ориент, овој мирис е пудраст, мошусен и меден! Екстремно ароматичен и впечатлив.


природен сапун, рачно изработен сапун
добри за позирање

На врвовите се наоѓа шеќерен глитер и топчиња.

врвовите




Состав : Sodium olivate, Sodium Cocoate, Sodium Palmate, Sodium Castorate, Sodium Cocoa Butterate, Sodium Sunflowerate, goat milk, heavy cream, honey, glycerine, pure silk fibres, micas, clays, premium cosmetic fragrance




'Dirty Duck'


Одамна не сум направила некој сапун специјално за деца. Иако, сите наши сапуни можат да се користат и за деца (за бебиња се препорачуваат сапуни без бои и мириси), овој е токму наменет да измами насмевка! 
Еве га нашато Валкано Пајче!

рачно изработен сапун, природни сапуни, сапуни за деца
детската насмевка е повредна и од сапунот


На сликава се гледа како сапунот изгледа спакуван.
Веднаш е спремен за некое детенце да му се израдува и ваков стига до вас.

Се разбира, сапунот е нежен за детската кожа, а мирисот на ништо друго нема да ве подсети, туку на детсво и топла бебешка купка.

Содржи какао путер и слатка павлака како додатоци на основните масла.

Еве како пајчињата настанаа:

во модла, исечени и разделени парчиња

Пајчето е малечко, но самиот сапун е околу 200 г. Тоа е огромно парче и единствено што ме секира е како мајките ќе се справуваат со него, кога ќе ги бањаат децата. Се разбира, сапунот може да се исече од страните и првен да се искористат тие помали парчиња, додека пајчето ќе ’плива ’ по средината на ’езерото’. На мајките им оставам сами да одлучат како ќе го користат сапунот, само е важно да го користат, наместо да го чуваат за украс! Малишаните сигурно повеќе ќе уживаат во бањањето со него.
А отпосле ќе им остане оваа играчка за некои идните бањања во када!


пајчето во крупен план

Еве уште некоја слика од ова шармантно пајче:






во малите детски раце


Состав : Sodium olivate, Sodium Cocoate, Sodium Palmate, Sodium Castorate, Sodium Cocoa Butterate, Sodium Sunflowerate, Sodium Lardate, heavy cream, glycerine, pure silk fibres, cosmetic pigments, premium cosmetic fragrance



Двата сапуни се достапни од 28.11.




18 comments:

  1. Honey Wash looks awesome, Maja! Love the subtle colors, the layering, ball embeds, and the mica stamp!

    The second one is so cute. Adults, not just children, will love it. :)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Thanks, Silvia! I like mica stamp,as well and I usually use it for every batch. My skills are improving now, but, you would never believe, I used only my arm strenght to make a stamp. No malet, neither other tools!

      Delete
  2. I agree with SoapJam, all the way! :)

    ReplyDelete
  3. Yes, thirding the sentiments! Honey Wash does look amazing, love the different layers, and of course the glittery top. The rubber duck soap is super cute! It reminds me of the book I was reading about the tracking rubber ducks that had fallen out of a cargo boat. Love the packaging as well, I'm going to have to borrow your ideas. ;)

    ReplyDelete
    Replies
    1. You're free to borrow anything you like,Monica, I'm glad if I have inspired you . And the story, when did you read it? Were the ducks found?

      Delete
  4. Honey Wash looks great, Maja: the top makes it an unique soap. Love the pastel colors and the photos you take!
    And how sweet the dirty duck is! ( why dirty? he looks so cleanto me!). Nice that you also make soaps for children, especially for this period of the year! It will certainly make someone smile!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Hahaha, sure it's clean in real life. But, metaphorically, it needs bath, so must be dirty, then. Right?
      I don't make children soaps regularly, but these ducklings were adorable and small enough to be used for soaps. I just couldn't resist.

      Delete
  5. woow, both look awesome! I made a soap with Honey wash fragrance last year and i love it! Such a warm scent

    ReplyDelete
    Replies
    1. Hi Renata, thanks for the comment. This scent has honey note, but it's not predominantly honey. I made a typical honey scented soap 'Honey Blossom' and it's 'hunier' more than honey itself,lol! This one in more on male's side, as for me, it's sweet, woody, earty, floral, I don't know, really complex.
      I haven't seen you lately making soap, you're more on Fimo miniatures lately,right?

      Delete
  6. Lepo I originalno kao uvek! Posebno mi se svidja ovaj za decu. Nema sumnje da će biti pravi hit!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Hvala Goco! Welcome back, nije te bilo nesto u zadnje vreme!

      Delete
  7. Maja povtorno pokazuvas kako edna inspiracija i idea( vo ovoj slucaj dve idei:) moze da se pretvori vo prekrasen proizvod so pomos na prirodni sostojki koi i sami po sebe se odlicni za kozata a posebno za osetlivata nezna detska koza,bas ovoj detski sapun e tolku sladok kolku samata idea .pajce koe pliva vo voda:)..preslatkoo hahah A sostojkute med.kozjo mleko,kakao puter,slatka pavlaka...da pak vistinsko kolace hahha Odlicno!
    Pozdrav:)
    Zorica

    ReplyDelete
    Replies
    1. Zorice, pod hitno da otvoris Facebok profil i da ucestvuvas vo nagradnata igra. Stranata ne mi e kompletna bez tebe i tvoite preubavi komentari. A mozda go inspiriras usete nekoj od domasnite fanovi da gi komentiraat postovite, mnogu sam razocarana od javniot feedback, site pisuvaat samo vo inbox, no ne i na samata strana,ili na blogot! :-(

      Delete
  8. Beautiful, Maja! The Honey Wash bars are gorgeous and it looks like a lot of work went into them with all of the mica lines, embeds, and layers. And the duck soap is so cute! Kids will love it.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Thanks Jenny and you're right. 'Honey Wasn't really took me some time to finish it, but it was fun and the soap looks nice with those pastel colours laying on each other.

      Delete
  9. Majo, čestitam ti na godišnjici bloga! Želim ti još mnogo dobrih kracija, sjajnih receptura inezaboravnih dizajnerskih rešenja. Svaki tvoj proizvod dostojan je jedne dive! :)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Hvala Daro na ovako lepim komplimentima! Nadam se da se bar delić ovih želja obistini.
      Kako napreduju radovi, tj.eksperimenti kod tebe? Još čekam da doznam tu misteriju!

      Delete

Thanks for your comment