head

15.7.13

Some fun projects!

Now that I have run out of coconut oil, I really miss making soaps. So, it's been great opportunity to do some rebatching! I have quite plenty of bits and shreds that I really needed to get rid of. The soaps will always be used up, so you could never get too many of them.

I didn't take photos of the process, cos I never planned to put it on my blog, but I can say I'm pleased with what I got, so thought it was not bad idea to do so. They are so glidy and smooth, which I really put high on the scale-of-beauty, when it comes to rebatched soaps

Rebatch No.1

For the first one I didn't have enough batter to fill the mould up, so I changed the way of cutting , ending up with some bars and some soap cubes.








Rebatch No.2





Rebatch No.3
(Vanilla cake?)




Rebatch No.4

This rebatch wasn't planned beforehand, I just came up with making some liquid soap, during the melting process of my shreds. As I hadn't been planning on this and no recipe had I prepared, I was just adding the water to the amount I thought it would be enough. Stickblendig was a huge help at this point. Later, I dissolved some gelatine and added in, as well as blue pearlescent mica to get the viscosity and the sheen,such commercial liquid soaps have.
I stumbled upon videos on YT a short ago and those came into my mind while I was rebatching my No.3
One of numerous videos on making gelatine soaps is this one. This girl used commercial shower gel, which I really didn't want to (even don't know if I have any at home), so I went on with my CP soap, making it liquid first.
I think I overdid with water, I would like it better a bit thicker. It's maybe bit strange that gelatine did nothing spectacular to this soap.




After all, this was my first time making liquid soap and moreover, it came accidentally, so I can not complain  about it. Not bad at all, I think.
It doesn't contain preservatives, so needs to be used up in a short time. I filled two bottles with dispensers, so at least we don't have to take it out with our fingers, risking to put too much water/or too much bacteria  in.
Meantime, I still miss making my soaps, but the good news is that I will be off for two weeks, or so, and when I get back, I will have my coconut oil with me, and even better,.....my new supplies all the way from Austria, England and Germany- a lots of new pigments, some emulsifier and preservative and new (squeeeeee) fragrance oils! YAY, can't wait to roll up my sleeves and be in a gear again!

Thanks for reading, have a nice Monday!



read more "Some fun projects!"

12.7.13

'3S' - Remake

Ова е вториот сапун кој што се покажа како омилен кај оние со осетлива кожа. А и јасно ми е и зошто, бидејќи содржи мацерат од невен во екстра девствено маслиново масло, бадемово масло и ши путер. Проверено добро!
Another remake! These all natural, unscented and reach soaps have come out really popular. 
And it's not difficult to guess why- this one consists of marigold petals infused in extra virgin olive oil, shea butter and sweet almond oil. 
The first '3S' soap looked like this, and new version is right in front of you:

Еве го првото издание од '3S' - Sensitive Skin Soap, а погледнете го и новото:







Еве го во модла:
In the mould:



Лека ноќ, сапунче! Good night, soap!

Во минатиот пост најавив дека овој сапун претрпел некои измени во смисла на рецептура.
I had mentioned earlier that this soap recipe was modified a bit and the first twist is that now it contains Aloe Vera- pure gel frоm a fresh plant.


Мојата Алое
Мy plant



Првата разлика од претходната верзија е тоа што овој има додаток од АЛОЕ ВЕРА!
Втората е што наместо инфузија од невен во дестилирана вода, овој содржи козјо млеко. Мацерираниот невен во маслиново масло се уште е тука, така да овој сапун нема да изгуби ништо од претходните карактеристики, само може да биде уште подобар.

The second twist is goat milk, in place of marigold (calendula) infused in water, for the whole liquid amount.
Yet, the infused olive oil is still there, so I hope an additional ingredient, such as aloe, can only improve it.







И сапунот, поради сите новини, мораше да изгледа поинаку, нели?!
So, due to its new formula, it is expected to look differently, right?


За Алое вера мислам дека нема нешто што веќе не е кажано. Почнувајќи од нејзините позитивни ефекти кога се конзумира, па се до екстерна примена. Алое се користи за да исцели рани и изгореници, на мрсната кожа и помага да помалку лучи себум и не ствара акни, ја освежува и балансира сувата кожа, и еден е од борците против старењето на кожа. Исто така, помага кај екцеми, псоријаза и други кожни заболувања. Со други зборови, нема на кој не му помога алое.



Го гледате ли гелот од алое? Do you see aloe gel?
Ако ја имате дома, слободно скршете го листот, скинете ги трнчињта од страните, а потоа и тенката кожа на листот, за да дојдете до гелот. Гелот можете да го извадите со лажица или ноже. Потоа, иситнете го, со мал миксер, или со вилушка и нанесете го на лице! Само така- во најчиста форма! Држете го додека не се исуши на вашето лице, а потоа исперете. Какво е чувството? 



I really don't have much to add about Aloe. It's such a famous plant on the Earth and so widely used for all kind of purposes, from oral consuming,  to face masks and other external applications. It is good for both oily- regulates sebum production and dry skin- moisturizes and balances its fragile structure. Have you ever tried fresh aloe gel to consume, or to use as a face mask?
I have. I was so curious to feel it on my face, but not so eager to taste it, since it is bitter and should be mixed with citrus juice and honey upon consuming. But, it feels fine on the face. At the beginning, it feels prickling / stinging, but as it dries, you feel it firms and make a fine film , like , for example, egg's white does. 
What you are supposed to do with a leaf is quite simple: cut off the thorns on its sides and then gently peel off the thin peel in order to get to gel. With a sharp knife, or a spoon, you scoop the gel out. I used my hand coffee mixer to make it liquid and  therefore, more applicable for the face. 

Сигурна сум дека овој ќе биде уште подобар од минатиот! Го направив пре три недели и уште малку, па ќе го тестираме. 
I still haven't tried this soap, but since it has been cured for three weeks now, I will grab it to the bathroom soon.


Како и првиот, и овој '3S' сапун не содржи мириси ниту бои. Обоените делови во него се анато семе и какао прав.
Сите сапуни до сега направени, од 'Natural Diva' линијата се погодни за сите типови на кожа (пред се, збориме за лицето), поради тоа што нивните состојки го балансираат лачењето на себум, нежно чистат и не ја уништуваат заштитната баријера на епидерм (такви се козјото млеко, куркумата, алое, мед разни билки итн). Тоа е така, глобално гледано, меѓутоа, секој индивидуално ги чувствува сите тие состојки. Затоа, сите имаме различни омилени состојки, а истото нешто на некого му одговара повеќе, или помалку.
Поради нивниот потполно природен состав, тие се погодни и за бебиња и за возрасни.
Создадени за да уживате и да не се грижите!
Ви благодарам на читањето и секое добро!

Thanks for reading and stay well!






Состав (Ingredients): Сапонифицирани масла / Saponified oils of- Мацерат од невен во екстра девствено маслиново масло (Sodium Olivate), Кокосово масло (Sodium Cocoate), Палмино масло (Sodium Palmate),  Ши путер (Sodium Shea Butterate), Бадемово масло (Sodium Almondate), Рицинусово масло ( Sodium Castorate ), козјо млеко (goat milk), Мед (Honey), Какао прав (Cocoa powder), анато прав (Annatto seed powder), Титаниум-диоксид (Titanium-dioxide)
read more "'3S' - Remake"

7.7.13

'Miss Karota Leo' - Remake

Откако го направив овој сапун, знаев дека ќе биде хит, 'bestseller'! 
По својот состав, тој одговара на секој тип на кожа, а најмногу на сува и осетлива. Тој обилува со луксузни состојки, посебно со ши путер и рицинусово масло. Двата се одлични за нега на кожа. Но, јас просто не можам да замислам да правам ист сапун на ист начин (еве ја првата верзија), па така, сега ви го представувам новиот изглед на стариот сапун:- 'Miss Karota Leo'



Ever since I made this soap, I have known it will be a bestseller. With its luxury (proportions) ingredients, it is suitable for any skin type, especially for dry and sensitive one. It's loaded with shea butter and castor oil. But, as I cannot even imagine to make the same soap the same way (what would be challenge of that?), I redesigned it, so now I'm presenting to you the old soap, dressed in new outfit - 'Miss Karota Leo!

Еве го сапунот, спремен за сечење:
Soap, ready to be cut:



Размислував да ли да го задржим она 'Лео', во неговотo име, бидејќи  повеќе нема шари како леопард, но одлучив да го задржам. По се судејќи, овој сапун ќе биде во сталната понуда во 'Natural Diva' линијата, така да можеби веќе во следеќа тура ке биде пак 'Leo'.

I was thinking if I should keep 'Leo' part of its name and decided to keep it! This soap will apparently will be regularly offered, as a part of 'Natural Diva' line, so you never know whether it will come out with the spotted look back  with some next batch!? This time I was playing with piping, but purposely not wanting the leopard look. It's not either that I was going for this look I got, but,... I'm bad at piping, should make a lots of cake first, or maybe I should have, before I started to play with soaps. Anyway, I like the idea of  getting these strict, sharp edges of piped black part, so I might keep experimenting with piping, nevertheless.

Многу моркови отидоа во овој сапун
A lots of carrots went into this soap

Секако, како и првиот, и овој сапун содржи само сок од свежо цедени моркови, наместо вода! Црниот дел е обоен со активен јаглен, за кој веќе многу кажавме. Да ве подсетам, активниот јаглен е одличен за детоксикација на кожата и и одговара и на сува и осетлива кожа.
Of course, the whole water amount is substituted with fresh carrot juice. The other natural colourants are activated charcoal and annatto powder.



Веднаш по овој, пристигнува и '3S' - Sensitiv Skin Soap, кој исто така го правам по втор пат, но овој новиот доаѓа во 'унапредена' формула. За што точно се работи, наскоро ќе дознаете! Можам само да откријам дека е во прашање една нова состојка, која што ја употребив токму за тој сапун.

До скоро гледање, ве оставам со уште некоја сликичка и бидете ми добро!



My next soap, waiting to be presented here, is also a remake! This time it's '3S' , or, Sensitive Skin Soap. The new version is coming in slightly different version, using the same, but somewhat advanced formula! It's about a new ingredient, used for the first time exactly in that soap.  What is it, stay with me to see!
Thanks for reading and here they are some more pictures!







Состав / Ingredients: Сапонифицирани масла/ Saponified oils - Маслиново (Sodium Оlivate), Кокосово (Sodium Cocoate), Палмино (Sodium Palmate), Рицинусово (Sodium Castorate ), Ши путер (Sodium Shea butterate), Сок од свеже цедени моркови (Fresh carrot juice), анато семе (Bixa orrellana (Annatto) seed), активен јаглен (Activated charcoal).

read more "'Miss Karota Leo' - Remake"

'SYNDET' и останатите детергенти

Пред некое време бев прашана дали моите сапуни содржат сода! Исто така, едно од прашањата беше и зошто сапуните кои се рекламираат како бебешки, наводно не ги пецкаат очите. Уште некои прашања ми беа поставени околу најпозантите 'сапуни' денес (оние со сина гулабица на кутија и оние најпознати домашни), па одлучив дека треба да ги разјасниме појмовите.
Ова е третиот пост на тема природни и комерцијални сапуни, па ако сте ги пропуштиле претходните, можете да ги пронајде тука и тука


  • Првото правило гласи: БЕЗ СОДА (NaOH или KOH) НЕМА САПУН! 

Сапун без сода е ДЕТЕРГЕНТ! ТОЧКА! Ово кажав веќе многу пати!!!
Кратко и јасно! Содата е база, масла се киселини (т.е. саставени од масни киселини), кога се спојат се добива сол. И тоа е сапун! Во него, повеќе нема ниту сода, нити киселини (масла), благодарејќи на хемиската реакција која помеѓу нив се одиграла.
Единствено, во него се наоѓаат масла, која се намерно оставено како вишок. Нпр. ако за 100 г сода ви треба 900 г масла, за да се неутрализираат и да се добие сапун, во нашите сапуни има  вишок од 5-10% масла, кој останува неизреагиран со содата и ви ја негува кожата, нежен филм на неа, кој не го чувствувате како масло, туку како свила.
Во врска со тоа е и чињеницата дека натриум-хидроксид не е природна супстанца, тoj се произведува индустриски, што значи дека нема природно потекло. Сите сапуни произведени со било која  база (натриум- или калиум-хидроксид), следејќи ја оваа логика, не можат да бидат 100% природни. Но, тоа нималку не им одзима од нивната вредност, бидејќи масните киселини, со кои содата реагира СЕ природни, т.е потекнуваат од природни масла кои се користат за изработка на таков сапун. Ако се ’природен’ разбере во поширока смисла, тогаш можеме да кажеме дeка сапуните имаат природна основа.

  • Зошто сапунот ги пецка очите? 



Сите материи кои не се иста pH (пе-ха) вредност како нашите очи, ни даваат чувство на пецкање. Сапунот, по својата природа е базна сол и секогаш е со повисока pH вредност од она  на очите. Но, никој не користи сапун за да ги испере очите, туку лицето. Со својата повисока pH вредност, природен сапун ја чисти кожата и делува антибактериски. Затоа, природни сапуни се всушност антибактериски и во таа средина не се наоѓат бактерии. 
Не постојат кисели сапуни. Не постојат ниту неутрални. Сапун кој има pH вредност 5.5 (кисела вредност), не е сапун, туку детергент, чија pH вредност се подесува химиски.  И детергенти за садови се подесуваат до неутрална pH вредност, па не се бањаме со нив. 
Но, pH не го одредува квалитетот на сапунот, туку неговиот состав.
Зошто? Затоа што сапунот само кратко време доаѓа во контакт со кожата и има функција да ја исчисти. Тоа го постигнува на природен начин, со својата повисока pH  вредност и со маслата кои, кога се сапонифицирани, имаат моќ на чистење. Но, да ли е некој сапун направен од масла и кои, много е поважно, затоа што токму тоа ја негува или суши кожа. 
Не е случајно што се повеќе луѓе патат од екцеми, дерматитиси, алергии, макар и само од чешањето. Можеби, никогаш не сте ги поврзале тие појави со вашето средство за бањање. 

  • Што е 'SYNDET'?

'SYNDET' е убава кратенка, смислена од маркетиншки стручњаци, која звучи подобро отколку што самата и значи, а значи -SYNthetic DETergent! Мислам дека нема потреба ова да се преведува.
Кои ви се омилени сапуни, нпр.за лице? Или тело? ...
Ако ги користите некои од најпопуларните сапуни за лице, тогаш имам изненадување за вас- тој е синдет!Или обичен синтетички детергент.
Детергенти се направени од нафтени деривати и се состојат од сурфактанти (површински активни состојки за чистење), агенси за пена и алкохоли. Исто така, содржат и презервативи, како и антибактеријски агенси за да траат подолго. Никогаш не ги користете специфицирани антибактериски 'сапуни', посебно не за интимна нега. Тие ќе убијат и добрите бактерии кои живеат во и на нашето тело, кои всушност го бранат од поинвазивни, штетни бактерии.
Кога ќе погледнете така, тогаш ни малку не чуди податок дека се повеќе луѓе патат од сите кожни аномалии, што претхидно ги набројавме. Не постои комерцијално средство за капење, било да е сапун или купка, да е природно. Сите, дури и најскапите ги содржат горе наведените состојки. Тоа е закон на мас-продукција - ефтини состојки за ефтин производ за широка потрошувачка.
'Syndet' е поблаг од другите комерцијални сапуни и подобар, но сепак останува синтетички детергент! Брендот 'Гулабица'  има и мешавина на состојки во него, така да нпр. таму ќе се најдат и 'Sodium Tallowate' , 'Sodium Cocoate', кои се природни соли на сапонифицирани масла, во овој случај говедска и кокосово (а тоа значи дека имало реакција со сода,од која што многумина бегаат, но верувам само поради незнаењето). Но, некои од останатите состојки се:

  1. Sodium Lauroyl Isethionate- синтетички детергент и одмастувач. Можете да го погледнете линкот за повеќе информации 
  2. Cocamidopropil Betaine, синтетички сурфактанти и агент за правење на пена и иритант, предизвикувач на алергии и дерматитиси). За да прочитате повеќе, еве неколку линкови:  од 'EWG Skin Deep' и 'Chemical of the day'.
  3. Tetrasodium EDTA & Tetrasodium Etitdonate- синтетички подобрувачи за користењето во тврда вода и одмастувачи. Tetrasodium EDTA се смета за нетоксична хемикалија ако се користи во пропишани количини, но оние со осетлива кожа треба да го ибегнуваат. Линкот за повеќе информации. Tetrasodium Etitdonate се смета да окидач на појава на екцеми. Наравно, линкот за овие информации.



Во 'Diva' сапуните не се наоѓат никакви иритирачки агенси. Единствено, парфемите можат да и сметаат на хипер сензитивна кожа, и токму тоа е причина за постојење на 'Natural Diva' линијата, бидејќи во неа не се наоѓаат ниту парфеми, ниту нашите козметички пигменти. Ако сакате, прочитајте повеќе за нашите бои и мириси во  овој пост.

  • Има ли лоши природни сапуни?


Не можам да не спомнам дека знаење на правењето природни сапуни има одлучувачко значење. Природниот сапун може да биде груб, да ја исуши кожата и да го симне нејзиниот заштитен слој и да ви даде осет на најлош детергент за садови. Ги паметите ли домашните свински сапуни за алишта. Кој би се бањал со него? Верувам, никој. Свинската маст е одлична состојка за кожа, знаеме дека сите народни мелеми се прават врз база токму на таа, но сапунот само од свинска маст, како некогаш се правел, по принцип ’малце маст, малце сода’,  не е нешто што би ви го препорачала.
Како што реков, само баланс на масла, како и правите пропроции со сода, даваат најнежен сапун, со кој можете да се бањате секојдневно, без страв од последици и со кој можете да ги бањате и вашите најмали!


Како станува се поважно што јадеме и колку штетни материи и хемикалии внесуваме преку устата, така станува се побитно и што ставаме на кожа. Овие се само неки од тие материи со кои го третираме секојдневно нашиот најголем орган. 
И не заборавете, преку неа ги внесуваме  сите штетни и корисни материи во крвотокот. 


Се надевам дека овој текст помогна на оние што прашаа, како и на сите радознали читатели!
Ви посакувам пријатна работна недела!








read more "'SYNDET' и останатите детергенти"