head

3.12.12

Секој сапун не е САПУН




Всушност, сапунот е сол. 
Тоa е натриумова (или калиумова) сол на виши масни киселини и метални јони. Настанува кога маслото ќе се помеша со јака база, каква што е натриум-хидроксидот (или калиум-хидроксидот). Во тој процес настанува сапунот и како нус производи се јавуваат глицеролoт и водата. Секако, во сапунот не се наоѓаат трагови на натриум-хидроксид, затоа што тој, во реакцијата со масните киселини се претвора во сол. Така, како состојки на природен сапун имаме sodium cocoate, sodium olivate, sodium palmate, sodium castorate итн. што, всушност, се сапонифицирани масла- кокосово, маслиново, палмино, рицинусово...


source


  • Што е тоа што го има комерцијалниот, а нема природниот сапун? Или, зошто природниот сапун е подобар од комерцијалниот? 
Во комерцијалните сапуни, кои се израбтени во индустриските погони за масовна производња, се наоѓа се, сем сапун. Тоа што го купуваме секојдневно и не размислувајќи за правиот состав, е всушност синтетички детергент, т.е.она со што ги миете вашите садови или ги перете вашите алишта. На самата декларација на овие сапуни нема да ги најдете природните соли кои настанале од реакцијата сода (натриум- хидроксид) со масла, туку состојки како што се: Sodium Lauryl Sulfate, Lauryl Sulfoacetate, Sodium Laureth Sulfate (SLES), Pentasodium pentetate, DEA (diethanolamine), Sodium thiosulfate, Tetrasodium etidronate Parabens, разни видови на минерални и парафински масла, кои се користат да ја зголамат моќта на чистење и  пенливоста на сапунот, да го направат поцврст и што подолго да трае. Меѓутоа, тие се добри за вашите садови и алишта, но не и за вашата кожа.
Некои од нив се избелувачи, а некои се конзерванси кои што ја уништуваат заштитната бариера на нашата кожа.
Како последица на долго користење на овие средства, се оштетува првиот, заштитен слој на  вашата кожа и доаѓа до нејзиното трајно исушување, иритација, свраб, екцеми... Ако сте се прашале зошто одеднаш кожата ви е сува и ве чеша, можеби одговорот е во вашите средства за капење.
Има и понекој исклучок во комерцијалните сапуни, така да во некои од нив се наоѓаат правите сапонифицирани масла, но ниту тие сапуни се потполно приридни, затоа што содржат некои од наведените, или други хемиски иританси. Европските и светски форуми, организации, здравствени установи, постојано го предупредуваат своето население за штетните дејствија на овие средства. Во природните, рачно изработени сапуни, тие состојки НЕ ПОСТОЈАТ! 

  • Што тоа има во природен, а нема во комерцијален сапун?

ГЛИЦЕРИН!!  Каде е глицеринот во комерцијалните сапуни?  Глицеринот, кои се добива као нус производот од самата сапонификација, е одстранет од тие сапуни од две причини:
1. Глицеринот ја привлекува водата и со тоа го чини сапунот мек, а тоа значи да се троши  побргу, и
2. Глицеринот се продава на пазарот на козметичката и фармацеутска индустрија за понатамошни употреби за тие производи.
Меѓутоа, глицеринот е тој кои ја негува  нашата кожа, а тој , во рачно изработен сапун, се наоѓа тамо каде што треба: во самиот сапун! Тоа е и причина што природниот сапун никогаш не може да биде цврст како индустрискиот и треба да се чува на суво место помеѓу користењета.



source

"DIVA SOAP" се сапуните направени од најквалитетните масла и путери, меѓу кои се и маслиново, кокосово, рицинусово, палмино, бадемово, авокадово и други, како и какао путер и ши путер.
Во нашите сапуни се наоѓат и други разни природни адитиви, како што се кокосово млеко, овесни снегулки и овесно млеко, мед, различни водени и маслени мацерати од лековити билки, а многи од нашите сапуни се на база на козје млеко, јогурт, слатка млечна павлака, што додатно придонесуваат за квалитетна нега на кожата.
Овие масла и додатоци имаат многи благотворни дејствиа на нашата кожа, а за тоа ќе говориме  во идните прикази и приказни за нашите сапуни.




Текстови на оваа тема:

  1. Наши мириси и бои - нашите мириси и бои сите се наменети за козметички препарати и набавени од ЕУ. 
  2. Рачно изработени сапуни кои не се природни- ете, и тоа постои. Но, како ќе разликувате природен, прав сапун од тие рачно изравотени, кои сепак не се прави? Прочитајте во постот.
  3. Синдети (СИНтетички ДЕТергенти)- најомилени сапуни за лице во масовна потрошувачка
  4. Уредничката на порталот ’Мое здравје’ ја разбра важноста на природни сапуни и ме замоли да напишам текст за нејзините читатели. Тоа можете да го најдете тука.


5 comments:

  1. My translator is broken :( Your site is looking fabulous though, looking forward to seeing more DIVA soap! =D

    ReplyDelete
    Replies
    1. Actually,it's a kinda introductional and educational text about handmade, natural vs.commercial soaps. Nothing that can excite you, you already know all that.
      I was playing around with my blog last night and I made a mess. Luckily,got everything back in order,except one thing. I need to study possibilities,so I could arrange it the way I want.
      Anyway,you're so kind,thanks for nice words!

      Delete
  2. Maja bas dobar tekst. Moram da priznam da mi je malo neobicno zbog makedonskog jezika ali navikavam se :) Puno pozdrava i sve najbolje, Goca

    ReplyDelete
  3. I could say exactly the same what Cee said about your blog! Nice introduction about this big difference between homemade soap and the one from the shop! I hope Macedonians read all this so that they can make the healthy conclusion!

    ReplyDelete
  4. Гоцо, можеш да пробаш и Google translator, ако имаш нејаснотии, но не може да ти шкоди да научиш и некој македонски збор, ха,ха!Благодарам што го следиш мојот блог!

    Natalia, I'm belated with keeping blog up to date, but I'm in a gear now....speeding things up! Thanks for reading!


    ReplyDelete

Thanks for your comment