head

11.12.12

"SUNSET OF THE VALLEY"

И како што ветив, еве го ‘братчето сапун‘ на "Chamomile fields"!




Сега ви е јасно дека се браќа по мотиви кои беа иснпирација за двата - а тоа е сапун пејзаж.


Слатка павлака (source)

За разлика од неговиот брат, "Sunset of The Valley" содржи дури  100% слатка млечна павлака!
Ретки се сапуните кои се направени само од слатка павлака, и тоа од повеќе причини. Слатката павлака има далеку повеќе млечни маснотии од било кое млеко и тоа је прави потешка за работа. Јас морав да ја испробам како главна состојка на сапунот, и еве, резултатот проценете го сами. Од друга страна, тие маснотии и додатни протеини кои се наоѓат во неа, го прават сапунот покремаст. Во сапуните во кои се става слатката павлака  како додаток, таа кремаста структура и сапуница прават да  ја осетите  разликата веднаш помеѓу тој и некој друг сапун. Можете ли тогаш да замислите какво е тоа чувство кога имате сапун со 100% слатката павлака?!





Покрај тоа, овој сапун содржи,наместо ши путер, кој беше во неговиот брат, какао путер. Останатите главни состојки  се исти.




Куркума или турмерик (source)
Овој сапун содржи куркума, или турмерик зачин (Curcuma longa), како колорант. Куркумата е омилен азијски зачин од семејство на ѓумбир со жолто-портокалова боја, а се смета дека поволно делува на работата на мозокот, срцето и бубрезите, па дури дека има и антиканцерогена својства. Содржи многи витамини и минерали. Ние не тврдиме дека тие бенефити преку овој сапун ќе може да ги добиете, но една од важните негови особини е тоа што има јако антивоспалително, антивирусно и антимикотичко дејствие. Е тука, куркумата како додаток може да делува и преку сапунот. Но, треба да ја пробате кукркумата и во кујна, како зачин, од каде и јас ја ‘позајмив‘ за нашите сапуни!

Мирисот на овој сапун е, секако цветен, за да ја долови ова цветна ливада.


Состав (Ingredients): Маслиново масло (Оlea Europaea), Кокосово масло (Cocos nucifera), Палмино масло (Elaeis guineensis), Натриум- хидроксид (Sodium-hydroxide- saponifying agent), Слатка млечна павлака (Whipping cream), Рицинусово масло (Ricinus communis), Какао путер (Theobroma cacao)Бадемово масло (Prunus amygdalis dulcus), Ладно цедено сончогледово масло (Cold pressed Helianthus annuus Seed Oil), куркума (Curcuma longa), пигменти (pigments), мирис (fragrance).


Ете, прикажавме уште еден од нашите сапуни, но ги има уште и постојано правиме нови.

Само се надевам дека ви се допаѓаат, и ве охрабрувам да оставете коментар ако ви се допаѓаат, или не, ако имате нешто да прашате, да кажете, да додадете....

Голем поздрав од "Diva Soap" екипата и до скоро читање...




9 comments:

  1. This soap is amazing! The colors are perfect!

    ReplyDelete
  2. Thanks Marika,it was a hustle-bustle making it,it set up quite fast,due to floral f.o. and maybe whipping cream had its part in that. But eventually, because it's a layered soap, I managed to place it in the mold!

    ReplyDelete
  3. Verujem da je bilo izazovno napraviti ovaj sapun ali uspela si, odlicno izgleda!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Не знам што ми представува поголем предизвик: нова состојка, или нов дизајн! Нема везе,се додека е забавно, квалитетно и сапунасто!

      Delete
  4. So many gorgeous soaps, Maja! And this is only the beginning ... :)

    ReplyDelete
  5. Stunning, Maja! I love the bright colors. It does look like a sunset over a field of flowers. Bravo!

    ReplyDelete
  6. So glad that you like it, Jenny. Thank you for reading and commenting!

    ReplyDelete

Thanks for your comment