head

4.12.12

"PASTEL SENSITIVE"

Овој сапун е уште еден од сапуните наменети за осетлива и сува кожа.
За разлика од претходниот, кои обилува со бадемово масло, овој сапун содржи неверојатни 15% на ши путер (shea butter) и 40%  екстра девствено маслиново масло. Овие масла не прават големи меурчиња во сапунот, но затоа ние додадовме рицинусово масло во богат процент,за гооолеми меурчиња.



Ши путерот обилува со витамини А, Е и Ф, како и со други витамини и минерали. Витамините А и Е омекнуваат, хидрираат и обезбедуваат колаген на кожата, а тоа е значајно во борбата со брчки и други знаци на стареење. Витаминот Ф содржи есенцијални масни киселини и помага во превенција и ревитализација на оштетената кожа.




"Diva Soap" прави путери за тело,  цврсти и во вид на крема, со ши путер, како една од  главните состојки. За тоа ќе пишуваме подетално кога ќе го представиме путерот за тело. Колку се добри овие путери за тело, ќе мора да им посветиме посебен пост, затоа што со своето богатство на вредни материи, тие тоа го заслужуваат.

Но, за сега да се вратиме на овој сапун. Како што видовте, тој обилува со нежни,негувачки масла и затоа е наменет за осетлива кожа.
Но, тоа не е се!
Додаток на овој сапун е млеко од кокос. Како сите млека, и ова дава кремаста пена и ја остава кожата нежна и мека. На некои сапунџии, но и потрошувачи, кокосовото млеко им е најомилено. Изборот е секогаш индивидуален, а понекогаш, разликата помеѓу млеката во самиот сапун, е дури  неприметнa.
Мирисот на овој сапун е благо цветен и дискретен.
Боите се пигменти, плав, црвен, црн и зелен, со титаниум-диоксид.
Неговата пастелна композиија е направена за да биде и нежен и забавен. Јас ги обожавам и необоените сапуни, но морам да признаам дека  шарените се сепак позабавни.

 Состав (Ingredients): Eкстра девствено маслиново масло (ExtraVirginОlea Europaea), Кокосово масло (Cocos nucifera), Ши бутер (Butyrospermum parkii), Палмино масло (Elaeis guineensis),  Рицинусово масло ( Ricinus communis ), Пречистена бода (Purified water) Натриум-хидроксид (Sodium-hydroxide- saponifying agent), Кокосово млеко (Coconut milk), мирис (fragrance), пигменти (pigments).

Се надевам дека ви се допада овој сапун и дека се забавувавте додека го читавте овој пост!

Следат и многу други новини, свратете пак.....


9 comments:

  1. Ooh, what a beautiful soap, Maja! I love the colors, and the embeds on top are a nice touch.

    ReplyDelete
  2. Hi Jenny, thanks for your comment!
    I'm in a real rush to post so much more,so actually, I've been only blogging lately (instead of making new goodies :-( )

    ReplyDelete
  3. Gorgeous, eye-catching soap Maja! The ingredients sound divine (all that shea butter...swoon!), and I loooove coconut milk in soaps =)

    ReplyDelete
  4. Sapun super izgleda, a kokosovo mleko je stvarno bozanstveni sastojak!

    ReplyDelete
  5. Very, very pretty, Maja! It looks like a yummy dessert! (I'm sorry I haven't been able to read your blog, but my computer wouldn't translate your page for me. But it's working tonight!)

    ReplyDelete
  6. Thanks Amy and welcome to my blog! Glad that you could understand it, one of the best thing on net is Google translator (with all its funny trials) ,it makes languages irrelevant! Hope you stay tuned!

    ReplyDelete
  7. Beautiful, Maja! I love the colours and the name you gave to this soap! Wish you a lovely da!

    ReplyDelete
  8. Just beautiful, Maja! I am really loving the colors :)
    I am happy to have found your blog and look forward to checking out past and future posts! - Roxana

    ReplyDelete
    Replies
    1. I'm also happy to have found yours,I never can get enough of beautiful blogs and soaps. Thanks for commenting Roxana,this one is not my favourite by its look, but it's rich and really moisturizing and nourishing for sensitive skin.

      Delete

Thanks for your comment