head

14.12.12

"SAILOR'S SOLACE"

Кој кажа дека мажите не сакаат козметички производи!
Мојот сигурно не е од таа врста, бидејќи ми е прв муштерија и потрошувач. Едвај чека да ги проба сите нови сапуни.
За сите мажи кои сакаат да си ја негуваат кожата, пристигнува еден сапун токму за нив!





Неговиот мирис се вика "Marine man" и затоа го замислив да биде темно син. Точките на него се  активен јаглен, кој помага за детоксикацијата на кожа. Активниот јаглен е познат како снажен собирач на штетни материи од телото, но исто така и од кожата.
Се користи воглавно за мрсна кожа, од која го собира површинскиот слој себум, мртвите клетки и ги чисти порите. 
Активниот јаглен е честа состојка на маските за лице, а и во сапун ја покажува истата функција. Секако, од време на време треба да се користи и маска за лице, бидејќи таа сепак останува на лицето некое време за темелно делување, додека сапунот е идеално средство за секојдневно чистење на мрсна кожа. За нормална кожа се препорачува употреба неколку пати во неделата, што секој си дефинира спрема состојбата на кожата и потребите.




И овој сапун го направивме со козје млеко, бидејќи и мажите заслужуваат кремаста, млечна и хранлива нега за својата кожа. Ја сум од оние што ги сакаат сите природни, рачно правени сапуни, но морам да признам дека многу сакам сапуни со млеко, како и оние кои содржат некоја додатна состојка, која  сапунот го прави единствен.

Тоа што мириса на јак, свеж маж, не значи дека дамите не можат да го користат. Или да го крадат од својата "појака половина".

"Diva Soap" ги има и дамските сапуни за ова намена, па ако сте порасположени за таа верзија, останете на нашите страници, за да видите уште какви сапуни "Diva" ќе ви понуди.


Состав (Ingredients): Маслиново масло (Оlea Europaea), Кокосово масло (Cocos nucifera), Палмино масло (Elaeis guineensis), Натриум- хидроксид (Sodium-hydroxide- saponifying agent), Kозје млеко, (Goat milk), Рицинусово масло (Ricinus communis), Бадемово масло (Prunus amygdalis dulcus), Ладно цедено сончогледово масло (Cold pressed Helianthus annuus Seed Oil), активен јаглен (Аctivated charcoal), пигменти, мирис (fragrance) 


Се надевам дека ви се допадна и овој наш сапун, и дека сте сместени во своите топли домови, со топла напивка и нашиот блог!

Поздрав до сите што не читаат!

12 comments:

  1. What a gorgeous color of blue, and I love the slivers of color in the soap and on the tops. The name is perfect!

    ReplyDelete
  2. Thank you,Cee. The name sometimes seems to be the most difficult part of soapmaking to me! Sometimes,it comes immediately,sometimes I have no idea what name will suit. For example,my next soap still doesn't have a name....

    ReplyDelete
    Replies
    1. I mean 'next to post about' (which means it's already made),ha,ha...Silly me..

      Delete
  3. I love the flecks of colored soap against the blue, Maja - it looks like a mosaic. What a lovely yet masculine bar of soap. The guys are gonna love it!

    ReplyDelete
  4. Bas ti je prelepo ispao. Svidja mi se kako si dodatke ostalih iseckanih sapuna dodala diskretno, sa merom. Verujem da i mirise predivno...

    ReplyDelete
  5. Jenny,thanks for commenting! Believe it, or not, but I AM impatient to try it out! Oh, so many soaps waiting their turn...
    Goco, da bas dobro mirise,muski,jako... A i ja cu da se 'ogrebem'

    ReplyDelete
  6. So gorgeous soap, Maja! I am impressed by the lovely blue colour you got using activated charcoal!
    Wish you a lovely we!

    ReplyDelete
  7. Hi Nat, thanks for your kind words!
    The blue colour is actually blue pigment dispersion, but I wanted it darker,deeper blue, without using more pigments (it would colour the suds,which I don't want),so I added act.charcoal. Besides,act.charcoal will give the soap an extra detox feature.
    Next one I'll be writing about is the one with indigo powder,ta-da! Oh,so much of blue!

    ReplyDelete
  8. What a fun burst of color in the middle, it totally brightens up the soap! Any guy is going to love this soap. =)

    ReplyDelete
  9. Thank you so much Anne-Marie for stopping by and leaving a comment! I didn't even know you might read my blog! Sooooo excited! You're such a master at time allocating: you manage to read everything, to encourage everyone, not to mention your bussines and family duties! What a woman!

    ReplyDelete
  10. Hi Maja!
    I think I finally discovered your blog! (That is, if I am not mistaken of course, but I hope not!)
    The colors are beautiful and I love the artwork with the confetti!
    Maya

    ReplyDelete
  11. Hi Maya, thanks for visiting, you're at the right place! Glad you discovered my blog,hope to have you reading it regularly.
    I wish you found it worthwhile.
    Thanks for your kind words.

    ReplyDelete

Thanks for your comment