head

13.12.12

"AWAKENING"

Еве еден необичен сапун. Можеби не толку на изглед, колку по состав.
Овој сапун содржи право кафе! За да биде верен на својот состав и изглед, тој и мириса на кафе.




Зелените топчиња се со мирис на минт, за да ова кафе подобро ве разбуди наутро.
За кафето се вели дека во сапунот има одлична моќ на чистење, а во овој сапун е ставено кафе, заедно со талог. Иако мислев дека пилингот ќе биде поостар, талогот не прави да чувствувате гребење.
Од останатите состојки, тука се добро проверените и веќе познати какао путерот, бадемовото масло, и ладно цеденото сончогледово масло.

 Сончогледовото масло е полно со витамини Е, Б, и разни минерали, како магнезиум, селен, манган и други, и сите се моќни антиоксиданси. Обилува со незаситени масни киселини,го смалува холестеролот, крвнот притисок,  ги чува крвните садови и се смета за прав рудник на здравје. Се повеќе се користи и во козметичката индустрија. Тука не спаѓа и обичното масло кое го користиме за исхрана, бидејќи тоа е рафинирано, а ако не сте знаеле, рафинација на зејтин се прави со нафтни деривати. Јас не сакам сега да го опишувам процесот на добивање масло за јадење, но само да спомнам дека ладно цеденото сончогледово масло ги има сите квалитети на врвно маслиново масло и се смета за прав дар на природата.

Затоа решивме да покрај сите квалитетни состојкиа кои ги користиме, го вклучиме и ово масло во некоја од нашите формули. Јас бев малку скептична, не толку околу тоа како ќе се однесува ово масло, колку заради општо прифатеното мислењето да ова масло нема потребен квалитет за нега на кожата. Меѓутоа, и јас бев во заблуда, но на крај сватив дека многи козметички производи  го содржат токму ова богатство, кое ние го имаме и кај нас .
Како додаток на овој сапун ставивме и слатка павлака, за покремасто кафе, така да имате право кафе во сапунот.




Состав (Ingredients): Маслиново масло (Оlea Europaea), Кокосово масло (Cocos nucifera), Палмино масло (Elaeis guineensis), Натриум- хидроксид (Sodium-hydroxide- saponifying agent),
Кафе (Coffee - brewed and ground),  Рицинусово масло (Ricinus communis), Какао путер (Theobroma cacao)Бадемово масло (Prunus amygdalis dulcus), Ладно цедено сончогледово масло (Cold pressed Helianthus annuus Seed Oil), слатка павлака (whipping cream), бел пигмент (Titanium- dioxide), мирис (fragrance) (во топчиња се искористени пигменти за боја).

Ви благодарам за читањето, ако уживавте пола од колку јас додека  пишувам, јас ќе бидам задоволна! Свратете пак, наскоро следи нова сапунска приказна!





2 comments:

  1. Svidja mi se sto si dodala suncokretovo ulje. Ja nikako da pocnem da ga koristim ali mislim da je to velika greska i verujem da cu ga uskoro i ja ubaciti u neki od mojih sapuna. A sto se kafe i nege tela tice stvarno mislim da je ovaj sastojak veoma koristan i ovaj sapun mi deluje kao pun pogodak.

    ReplyDelete
  2. Da,zaboraviv da napišem vo postot deka kafe se koristi kako aktivna sostojka vo anti-celulitnite proizvodi,kofeinot se smeta za efikasno oružje protiv taa dosadna 'invazija' na zenskoto telo.

    ReplyDelete

Thanks for your comment