head

18.9.14

'Diva' природна нега (3. дел)- МАСКА и ПИЛИНГ ЗА ЛИЦЕ



Третиот, и за сега последниот дел на серијалот за природна козметика, го оставивме за ’рибање’ и детоксикација на кожата.

МАСКА ЗА ЛИЦЕ СО КАОЛИН ГЛИНА И ЈОЈОБИНО МАСЛО

(FACIAL MASK WITH KAOLIN CLAY AND JOJOBA OIL) 


Две работи кои треба да се практикуват за добар изглед на кожата, се пилингот и вода,вода,вода- од надвор и внатре!
Пилингот можете да го правите на много начини и со разни препарати, а денес ви го представувам кремастиот (емулгованиот) пилинг за лице 

Каолин глината е една од најпознатите и најблагите глини кои се користат при третмани на кожа, а посебно за маски.
Им одговара на сите типови на кожа.
Глината е потполно природна и нетоксична и поради тоа не постојат несакани дејствиа, ниту контраиндикации за нејзината употреба. Блага е и нежно ја детоксифицира дури и сувата и осетлива кожа, потикнувајќи ја микро циркулацијата и своите минерали ги пренесува на кожата, правеќи ја похидрирана.
Кај мрсната кожа делува така што го ограничува лачењето на себумот, кој е главна причина за мрсна кожа. Заедно со етеричното масло од чајавец, маската ја балансира мрсната кожа и го контолира себумот.
Покрај детокс функцијата, каолин глината се користи и за изгореници, екцеми и розацеа.

Еве како изгледа:

emulsified facial clay
мазно и убаво


Единствената маслена компонента (покрај билниот, природен емулгатор) во маската е јојобиното масло.
За јојобиното масло можете повеќе да прочитате во овој пост
Кратко само да спомнам дека, исто како и каолинот, така и јојобиното масло се користи за сите типови на кожа.

Етеричното масло од чајно дрво, или чајевец, има антисептичко и антибактериско дејство и поради тоа, ова е главно масло кое се препорачува за мрсна и акнозна кожа. Поврзано со тоа се и кожните инфекции, кои успешно се санираат со ова етерично масло.

  
убава конзистенција, лесно наносива, свиленкаст осет



facial kaolin mask



КАКО СЕ КОРИСТИ: Маската се користи како и
било која друга маска. На чисто и влажно лице се нанесува потребната количина на маска, при што се избегнуваат устата и предел околу очите. Се држи додека не се исуши на кожата. Поради емулгаторот, додаденото јојобино масло и глицеринот, маската не ви дава чувство на силно затегање, какво е вообичаено кај маските кои се прават во домашни услови (вода+ глина). Кога се испира, се ствара фина млечна емулзија, која, откако ќе се измие, ви ја остава кожата мека и нежна.






КРЕМАСТ ПИЛИНГ ЗА ЛИЦЕ

(EMULSIFIED FACAIL SCRUB)

Пред некое време го представивме кремастиот пилинг за тело. Тој е составен само од масла и путери и содржи емулгаторот, кој при допир со вода се претвара во крема/млеко, додека како ексфолијант е користен шеќер. Овој пилинг за тело е практично  2 во 1, бидејќи после него не мора да ствате никакво млеко, ниту лосион, сосема се доволни маслата и путерите во него.
После овој, на ред дојде и сличен пилинг за лице.
Рецептурата е малку сменета и тоа така што ги исфрливме путерите (лично, не сум фан на користење путери на лице), а додадовме некои други масла- макадамија, масло од кајсија и масло од тиква. За подобро чистење на лицето, во пилингот се наоѓа розева каолин глина.

Како ексфолијанти се користени семки од јагода и розева хималајска сол.

facial scrubs- both with pink kaolin, almond, apricot kernel, sunflower oils and orange essential oil

За разлика од пилинзите за тело, кои ги правам со фантастични, најразновидни парфеми (наменети за козметички производи), се што оди на лицето, го правам со етерични масла. Не поради причина што сакам да мирисат (некои дури и не мирисат пријатно), но поради нивното терапевтско дејствие.
Етеричното масло од портокал за овој пилинг не е одбрано само поради прекрасниот мирис, туку и поради неговите карактеристики: релаксирачко, смирувачко дејтвие, како и благотворно влијание врз акните, дерматитис, а како и многи други масла, и ова има антибактериско и дезинфекционо дејсто.

Семките од јагоди се ексклузивитетот на овој производ.  Се разбира, семките се наменети токму за козметичката, т.е. ексфолијантната функција (да не мислите дека јас сум ги произвела, ха-ха). Сепак, хималајската сол подобро го прави пилингот.

КАКО СЕ КОРИСТИ: На чиста и влажна кожа, со суви прсти земете количина како за половина кафена лажица и нанесете на лице. Со кружни движења се разнесува по целото лице и се прави масажа. Ексфолијантот во пилингот ќе го направи своето, а вие ќе добиете фина, млечна емулзија.
Еве ваква:



Сликите се направени под вештачко осветлување, но се гледа дека лицето е бело. Со неколку капки вода, емулзијата станува се помлечна. Откако ќе завршите со пилингот, измијте го лицето и та-да .....готово. Кожата останува неверојатно мека и мазна и не ви треба крема.
Чувството е прекрасно!

Ете, само за вас, драги мои читатели, јас ги демонстрирав производите, за да видите како изгледаат кога се користат. А уште подобро се чувстуваат!

Имајте убав викенд!

Можеби ве интересираат и претходните текстови од серијалот:

16 comments:

  1. You've been busy and inspired! Your skin products sound wonderful. You look beautiful, by the way, even with the mask. :)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Thanks Silvia! Soooo glad that you like how they sound, ;-), but would be more if you felt the same!

      Delete
  2. Oooh, I see there there a beautiful Maja! I love all type of masks, especially the scrubs! Your looks good!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Thanks Nat! I always tweak the recipes, and I like them all. There are so many possibilities to tweak, and sub the ingredients. I also love scrubs, they feel soooo good afterwords!

      Delete
  3. Maja, bravo! Ovo su stvarno vrhunski proizvodi. Stvarno si iskombinovala predivne sastojke I mogu samo da zamislim kako je koza barsunasta i negovana nakon primene ovih divnih proizvoda.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Hvala ti, Goco! Ugrizla me 'losionska' buba, kao tebe 'glicerinska', pa bih non-stop nesto novo izmisljala. Sledeca zelja su mi gelasti proizvodi, a za to mi trebaju carbomeri, koji nisu prirodni. Ali, bez njih, to naprosto njie to! Uhhhh, mnogo je dilema.....

      Delete
  4. Izvonredno Maja! Tolku bogata i hranliva maska! Duri i pilingot pokraj negovata eksfolijantna uloga e vo isto vreme bogat so mnogu hranlivi sostojki! Sekogas vo ste proizvodi se gleda grizata za celokupnata nega na kozata,sekoja sostojka na svoe mesto so svoe dejstvo a sepak se zasiluvaat megju sebe :) hranlivost i detoks funkcijata i antisepticko i antibakterisko i antistresno i dezinfekciono dejstvo;) i normalno kraen rezultat bas celosen terapevtski tretman za kozata ;) Tolku vreme i ljubov e potrebno da se dobie takov proizvod i toa za secija koza so tocna doza za sekoja sostojka! I se taka primamlivo! ( kako sostojkite taka i tekstot i slikite hahaha)) Prekrasno!!!
    Pozdrav, Zorica:)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Mnogu mi e drago, Zorice deka uzivate i vo naracanite, a i vo podarenite proizvodi! Tie se uste ne se vo prodazba, ali piling (prven za telo), planiram vo najskoro vreme da go pustam vo prodazba.
      Gi pocituvam Vasite komentari i Vaseto vreme odvoeno za pisuvanje na mojot blog!
      Imajte ubava vecer!

      Delete
    2. Daaa ednostavno uzivam vo sekoj moment so Diva proizvodite i so zadovolstvo prenesuvam moe iskustvo :-)) Znam deka nekoi od proizvodite ne se na prodazba ama sum mnogu blagodarna sto mozev da gi probam, a za drugite proizvodi koi ke bidat vo prodazba epa gi cekam mnogu mnooogu strplivo hahahha
      Pozdrav i mnogu Vi blagodaram Maja :)

      Delete
  5. GOogle Translate always makes me laugh when it's finished with your posts. Good thing a picture is worth a thousand words. You are always coming up with such wonderful products Maja, love the idea of a face mask. And really, can you stop looking so beautiful even with a face mask.

    ReplyDelete
    Replies
    1. These posts are just too long and if I translated all, it would be sooo boring-long. And how else could I make you laugh with these serious posts?!
      O, thanks for the compliment, but I look pretty scary!

      Delete
    2. You always manage to make me laugh Maja, you've got a great sense of humour. If that's scary looking, what does that make me when I go makeup-less? :O

      Delete
  6. The scrubs and mask look wonderful, Maja! I like scrubbies in face wash. I enjoy masks, too - I should use them more often. Clay is great for my oily skin.

    ReplyDelete
    Replies
    1. I always manage to forget to apply them both twice a week. But, even with an occasional scruby treatment, skin looks more radiant and fresh. Especially for us with oily skin. They really work, Jenny!

      Delete
  7. Very interesting ideas for face masks and scrubs! I will definitely try some of them myself :) Nice work Maja!

    ReplyDelete
    Replies
    1. O you'll love them both,knowing that you have the thing for natural handmade cosmetics.

      Delete

Thanks for your comment