head

11.9.14

'Diva' природна нега (2.дел)- LUX подмладувачка крема за лице

Веќе некое време, во 'Diva' се прават разни други производи за нега. 
Кога се занимавате со козметика, секогаш имате желба и потреба да одите чекор понапред, да направите нов производ, првенствено за вашите лични потреби.
Како што рече мојот маж: „ Ние повеќе ништо не купуваме, освен паста за заби“!
(By the way, и пастата за заби може да се направи природна).
Денес ви презентирам некои сосема нови производи, кои ми одземаат многу внимание и труд околу формулацијата и изработката. 
Кога правите нешто за себе и своите најблиски, имате слобода да не размислувате за крајната цена на производите и тогаш правете висококвалитетни и делотворни производи.
Листата на доброволни ’тестери’ се зголемува, исто како и асортиманот на производите.
 За сега, сите што пробале, биле презадоволни од резултатите, така да веќе експериментите се претвориле во рутински рецепти со кои нема промашувања.

природна козметика на Дива
некои нови производи

Иако кремите за лице не се нешто ново што го правам, морам да признам дека апетит да се направи совршена крема и да се набават новите состојки, постојано расте и сега кремите ми се се поубави и поквалитетни.
Подсетете се како се прават кремите за лице и што е она што МОРААТ тие да содржат.
Ве предупредувам да кремите и лосионите не се прават со пчелин восок и боракс, не можам да ве охрабрам да ги пробувате рецептите со овие состојки, што можат да се најдат по домашните портали. Бораксот, или Sodium Borate, е минерал кој се наоѓа во природа, има висока pH вредност (околу 9-11), што никако не одговара на pH вредността на кожата, која има околу  5.5.-6.5 Со оглед на тоа дека бораксот би го користеле за лосион/крема, тој е предвиден да стои на кожата, а со толку висока pH вредност, можете само да си наштетите. Бораксот се смета за извонреден иританс на кожата и НИКАКО не ви го препорачувам (АМА НИКАКО). Него можете да го користите само за правење детергент за алишта.
Запамтете, ако производот има вода, тој мора да има емулгатор и конзерванс. Другите обиди да се направи крема се импровизација, со која можете да имате повеќе  штета отколку корист.

ЛУКСУЗНА НОЌНА КРЕМА ЗА ЛИЦЕ ЗА ЗРЕЛА И СУВА КОЖА

(Luxury night facial cream for mature анд dry skin)


Кремата на сликата, во моментов, е мојата омилена, со 100% алое вера гел, со масла од арган, макадамија и шипка, масла кои се богати, хранливи, кои одговараат на сите типови на кожа, а најважно, добри се за зрела кожа и одржување на младалачки изглед.

природна крема за лице со алое вера
богата, хранлива крема
    • Алое Вера- билка која има милион употреби, од конзумација на свеж гел, употреба за кожа, па до најразновидни препарати, капсули, суплементи и додатоци на исхраната. Нејзините ублажувачки својства врз кожата ја прават подобна за широка, универзална употреба- било да се работи за воспалена кожа, повреди, кожни заболувања, па и за здрава кожа. Поради тоа, алојата денес завзема важно место во козметичката индустрија. Ја користевме за сапуните '3S' и 'Face Fresh'
    • Макадамија- масло кое лесно се впива во кожата и не дава мрсно чувство. Содржи палмитолеинска мрсна киселина, која се наоѓа и во себумот, па затоа се вели дека е одлично за сувата кожа. Но, како кожата со тек на време рапидно ја губи ова киселина, маслото од макадамија е идеално и за зрела кожа. Останатите мрсни киселини во состав на ова масло, олеинска, линолеинска му дават фантастични регенеративни и хидрирачки способности. Исто така, богатство на фитостероли го чинат смирувачко и лековито врз оштетената кожа.
    • Арган - сигурна сум дека многу се знае за ова масло. Едно од најмоќните масла кога се работи за зрела кожа- тоа ја регенерира, штити, поправа нејзината еластичност, поттикнува обновување на клетките и помага кај кожни заболувања. Богато е со есенцијални мрсни киселини, витамин Е, полифеноли, кои имаат регенеративно дејствие. 
    • Шипка- уште едно од маслата, кои се борат за млада и затегната кожа. Масло од семки од шипка е богато со витамин Ц, кој, слично како и витаминот Е, има антиоксидативни својства, па поради тоа,  е одличен за пеглање на брчки, за уједначување на пигментацијата, регенерација, за третирање на стрии, екцеми, псоријаза. Кога станува збор за третирање на акни, ова масло е пребогато со есенцијални мрсни киселини кои делуват анти акнозно, но сепак постојат мислења дека ова масло треба да се користи во пост-акнозна фаза, за залекување на лузни и неправилности кои настанале како последица на акни. 

    арганово масло, масло од шипка, масло од макадамија
    Прекрасни, ладно цедени масла

    Сите овие три масла лесно се впиваат во кожата и сите се препорачуваат за нега на зрела, но и сува кожа.
    Мојата кожа е мрсна, но како не сум веќе во дваесетите (а и од триесетите се простив, ууупс), јас ја користам како ноќна крема. Богата е, лесно се впива, а наутро остава осет на мека кожа, која во летниот период и не бара никаква дополнителна дневна хидратација (освен заштита од УВ зраци и лесна подлога за шминка)
    природна крема со арганово масло, масло од макадамија и шипка
    готова крема, пред пакување
    Покрај овие луксузна масла, кремата е обогатена со алантоин. Алантоинот е природна супстанца која ја штити кожата од иритација, ја зголемува количината на вода која служи како активација на ќелијски раст, ја поттикнува регенерацијата на кожата и има силно противвоспалувачко дејствие. Се користи во козметичките производи и поради неговата особина да и  овозможи на кожата полесно да се ослободи од надворешниот слој на изумрени клетки. Потполно е нетоксичен, не дава алергии и затоа една од најсаканите состојки во производите за нега на кожа.
     Но, уште не е крај на списокот на состојките.
    Пантенол, или провитамин Б, е исклучителен хумектант, што значи дека ја привлекува водата и ја задржува,  емолиент (негува и омекнува), помага при зарастување на раните и епителизација на оштетена кожа.
    Тука е и витаминот Е, анти-оксиданс, кој ги спречува слободните радикали да делуваат и со тоа ја подмладува и чува кожата.
    Јас мислам дека ниту една комерцијална крема нема да ми пружи ваква темелна нега. 
    За нега на кожа која веќе не е во дваесетите, овде фали уште само хијалуринска киселина .
    Но секако, богатството на овие масла и додатоци се сосема доволни за да се сочуват и потикнат природните ресурси и способности на кожа.

    На крај, но не и најмалку битно, тука е и ЕЛЕМИ етеричното масло. Не многу познато кај нас, ретко и единствено, ова етерично масло потекнува од смолите од дрвото кое што расте на Филипините. Веќе самите можете да погодите, се користи за подмладување на кожата. Ги редуцира фините брчки, дури и лузни, го подобрува тонусот на кожата, но има и многу пошироко дејствие. Како многи други етерични масла, и елеми има антибактериски, аналгетски, антигабични, антивирусни  (па се користи и за акнозна кожа), делува смирувачки на нервниот систем итн.

    Во третиот дел ќе и претставиме ПРИРОДНА МАСКА ЗА ЛИЦЕ со каолин глина и јојобино масло и КРЕМАСТ ПИЛИНГ ЗА ЛИЦЕ, со пак некои нови прекрасни масла!

    13 comments:

    1. Definitivno nitu edna komercijalna krema nema da pruzi vakva temelna nega!!! Em hranliva em regenerativna em polna so antioksidansi i potpolno PRIRODNA:)) Mene masloto od argan mi e edno od najomilenite i najupotrebuvani iako ne mozam sekogas da go najdam:( , a vo vakva kombinacija dejstvoto mu e uste pozasileno:) Prekrasno Maja:))))
      Pozdrav Zorica

      ReplyDelete
      Replies
      1. Vi blagodaram mnogo Zorice za Vaseto aktivno uvecstvo na blogot.
        Inaku, postojat tolku dobri masla, da prosto koga gi falam, ni samata ne znam koe poveke da go isfalam :-)
        Bidejki ste pasioniran ljubitel na prirodnata kozmetika, vo nekoja sledna prilika, ke Vi pratam nekoj od primeroci za da probate.

        Delete
      2. Daa vo pravo ste Maja mnogu dobri masla ama Vie so silno cuvstvo Vasite kombinacii gi pravite uste podobri,poefikasni i poprivlecni :)) Ednostavno gi povikuvate site 'gurmani' na prirodnata kozmetika :))) Pozdrav Zorica:)

        Delete
      3. :-). Vi blagodaram za doverbata i simpatiite!

        Delete
    2. That cream sounds wonderful! I haven't tried macadamia nut oil yet, but I'm going to in one project during this autumn. That elem eo is something new for me, never heard it before.

      ReplyDelete
      Replies
      1. Elemi (for some reason translator gives 'elem', instead of correct name elemi) is, by its make up, similar to frankincense and myrrh, actually they call it 'more affordable version' of those. It comes from elemi tree resin, which is native of Philippines. It's been said that elemi is one of the most prized essential oils in skin care products. To be honest, my first requirement, when look for and buy new ingredients is - it must be with antiage properties and additionally, non-comedogenic for my oily skin.
        Glad that you liked the post!

        Delete
    3. Maja, your cream sounds so good( i speak here also from experience as I have already used a cream of your and it was really really good) and so many beautiful ingredients! Elemi is lovely( i used frankincense and myrrh eo in soap and give an unique a delicate scent), your cream sounds exotic! <3

      ReplyDelete
      Replies
      1. I'm totally crazy about 2 things: new lotion-making ingredients and new fragrances. Since the time you had my cream, my inventory has expanded significantly, they are now richer. I really want to try frankincense, myrrh and immortelle, hopefully will be able to get them.

        Delete
    4. Your new products sound lovely, Maja! The creams look so luxurious!

      ReplyDelete
      Replies
      1. Thanks Jenny, it was supposed to be luxury, because I think my skin needs it at this age :-)

        Delete
    5. Ooh, your skincare products sound luxurious! :)

      ReplyDelete
      Replies
      1. One jar is already packed for you! But, that one is slightly different, you'll see. Three jars already ready to go, at least one more waits to be made (that's why it takes this long )!

        Delete
    6. Oh thank you Maja! am so excited to try them! I could use a good moisturizer. :)

      ReplyDelete

    Thanks for your comment