Не, ни малку не се шегувам. Овa што сега сакам да ви го претставам е навистина како шлаг за вашето тело! Што е шлагот за тортата, тоа е ши путерот (shea butter) за телото. А плус, и изгледа како прав шлаг! Зарем не?
Планирам да отворам нова страница на блогот, каде што би ги излистала сите состојки кои ги користам за правење на моите сапуни и останатите производи за нега на тело, кои би бил информативен, за да видите кои својства сите тие ги имаат на нашата кожа.
Не е безначајно да споменам дека во мојот омилен шлаг има и ЈОЈОБИНО, како и БАДЕМОВО МАСЛО!
МОЈОТ ОМИЛЕН ШЛАГ ЗА ТЕЛО! |
Планирам да отворам нова страница на блогот, каде што би ги излистала сите состојки кои ги користам за правење на моите сапуни и останатите производи за нега на тело, кои би бил информативен, за да видите кои својства сите тие ги имаат на нашата кожа.
Но, неможам овде а да не го опишам тој прекрасен подарок од природата, неговото височество ШИ ПУТЕРОТ. Веќе го спомнав во овој пост, а сега подетално ќе го раскажеме.
Ши путерот се добива од плодовите на карите палма (Butyrosperum parkii) која расте во Западна и Централна Африка.
Од дамнешните времиња, до денес, добивањето на путер останала женска работа. Тежок е и напорен процесот за добивање на ши путер кои е спремен за понатамошна козметичка употреба. Ши путерот го нарекуваат најкорисен производ за нега на телото на денешницата. Со таа својата особина, станал најбарана и најпрепорачувана состојка во производите за нега. Дерматолозите во САД и Западна Европа почнале да го препорачуваат на своите пациенти, а големите козметички гиганти почнале да го стават во своите производи. Но, тие го стават во симболични количини, за да можат да напишат на декларацијата дека во производот се наоѓа и ши путер. Се разбира, причина за то е неговата цена!
Ши путерот делува како природен штит на кожата од надворешни загадувања, смог, чад, хемиски агенси во атмосферата. Обилува со витамините А, Е и Ф и есенцијалните масни киселини. Нанесен на кожата, тој ја прави мазна, мека и нежна. Заради тие свои својства, ши путерот станал средство бр.1 кога се работи за хидратација и влажност на кожата.
Еве уште некои од својствата кои се припишуват на ши путерот:
- помага при лекување на лузни, стрии и изгореници
- спречува пукање на кожата, црвенило (предизвикано најчесто од ладно, или пак топло време и има SPF 6 (Sun Protective Factor))
- кога ќе се нанесе на кожата на главата, ја штити од црвенило, спречува првут
- помага кај модринки и повреди на мускулите
- спречува иритации на бебешката кожа, а со генерации се користи за да бебињата спијат подобро
- Идеален кај нега на сува, осетлива кожа, кај екцеми и дерматитиси
- Ги подмладува порите на кожата и додава еластичност
- Ја зацврнуснува кожата и помага при намалувањето на брчките
Со сите овие негувачки, заштитни и регенаративни својства, ши путерот се смета за луксузна состојка . А можеби најдобро од се е што се користи како за лицето, така и за телото, затоа што спаѓа во некомедогени масла, т.е путери (не ги запушува порите).
Има ли потреба уште да го опишувам ово богатство од природата?
А можеби најдобар показател што јас мислам за овој мој шлаг е тоа што го мачкам моето бебе од глава до петици токму со овој путер. Го сакам и другиот вид на ши путер, оној цврстиот, кои што се топи кога ќе го протриете меѓу рацете, но овој ми е поомилен, а и полесно го користам за мачкање на моето детенце.
...преку сиров ши путер |
Од плод на карите палма... |
...до МОЈОТ ОМИЛЕН ШЛАГ ЗА ТЕЛО |
Не е безначајно да споменам дека во мојот омилен шлаг има и ЈОЈОБИНО, како и БАДЕМОВО МАСЛО!
За јојобиното масло ќе ви раскажам на посебната страница, која што морам наскоро да ја завршам, затоа што јојобиното масло е другиот подарок од природата, со чудесни својства, а за почеток да ви кажам дека јојобиното масло е најслично по својот состав на себумот на човечката кожа, и дека затоа е идеално за сите типови на кожа, за сите старосни групи и сите намени, бидејќи лесно се впива, а кожата ви е мазна, негувана и среќна. Јас го користам како ноќна нега само јојобиното масло и сум презадоволна од својата кожа на лицето!
А во врска со тоа "Diva Soap" наскоро почнува со правење на креми за лице со јојобино масло!
Затоа, останете тука да не читате, следуваат многу интересни и корисни стории!
Ви благодарам ако останавте до крајот на овој пост ( :-) lol )!
Затоа, останете тука да не читате, следуваат многу интересни и корисни стории!
Ви благодарам ако останавте до крајот на овој пост ( :-) lol )!
Состав/Ingredients: Ши путер (Butyrosperum parkii), Кокосово масло (Cocos nucifera), Јојобино масло (Simmondsia chinensis), Бадемово масло (Prunus amygdalis dulcus), Витамин Е (Vitamine E)
Алтернативно: Ши путер, Кокосово масло, Мацерат од невен во маслиново масло и авокадово масло, Витамин Е
Дознајте повеќе за природна козметика во овој текст
Алтернативно: Ши путер, Кокосово масло, Мацерат од невен во маслиново масло и авокадово масло, Витамин Е
Дознајте повеќе за природна козметика во овој текст
Wow...your body icing looks so smooth, silky and rich! Love it!
ReplyDeleteOh Cee,it feels wonderful. I have made it a few times and every time I give away some. I'm not the only one who loves it,people are amazed by the feeling on their skin.
DeleteI am going to include mango butter in my skin care products,so looking forward to continuing exploring all great ingredients!
Procitala sam post do kraja i to u jednom dahu! Moram da priznam da sam tvoje prethodne postove citala na engleskom ali ovaj sad procitah bez problema: mozda i propricam makedonski ako nastavis da postujes ovako:) Slag ti je super i bas mi se svidja pravac kojim si krenula. Jedva cekam kreme! Pozdrav, Goca
ReplyDeleteGledaš kako si stanala 'multilingual'! Ti blagodaram,draga Goco, za podrškata!
DeleteDivan post, nazalost morala sam da citam na engleskom, posto makedonski ne razumem :(. Delim entuzijazam prema body buterima, posto sam pre nedelju dana napravila moj prvi body buter i odusevila sam se!! Sa nestrpljenjem cekam sledeci post. Pozdrav od Marije!
ReplyDeleteHvala na poseti i komentaru,Marija! Drago mi je da Vam se dopada moj blog i raduje me što ga pratite.
DeleteVerujte,oduševljenje prirodnim preparatima će rasti kako ih budete više pravili i koristili.
Nije makedonski tako nerazumljiv,treba malo da se naviknete,da 'naštimate' uvo za njega.
Evo,Goca već sve razume!
Pozdrav i od mene!
Maja, I would like to try it too;maybe you can share me the recipe( I will write you about this).
ReplyDeleteYour body icing looks so delicious, I am sure once you have tried this on your skin, you can't stop using it!
Sure, Nat, a mail on its way!
ReplyDelete