head

15.6.15

Тест креми за сува кожа- Резултати

Иако сакав многу порано да го објавам овој текст, во меѓувреме се појавија нови сапуни, кои требаше да ги представам, па потоа пак не бев тука и што планирани, што непланирани работи, напросто го сопреа овој текст да се појави порано.

Пред некое време, по постојано барање на некои од вас, направив 2 креми за сува кожа.
Бидејќи јас немам таква кожа, ми беше потребна вашата помош, за да ги тестирате кремите и да го дадете вашето мислење.

Постот за кремите е тука , а вие го поштено изработивте вашиот дел и многу сам ви благодарна за тоа.
Додека ги припремав да ви ги пратам тестерите, ја направив и третата крема.Таа е правам постојано и бидејќи содржи високо квалитетни, негувачки масла за зрела кожа, ви пратив и од неа. Таа беше означена како ЛУКС и беше препорачана за ноќна нега.
Сите креми се правени од ладно цедени масла, а за оваа прилика направив неколку фотки од оние масла кои се и ОРГАНСКИ И ЛАДНО ЦЕДНИ.

Што кремите содржуваа?


Крема 1

Крема 1 е правена со еден од моите омилени емулгатори кога се лосиони во прашање, Xyliance (Cetearyl wheat straw, glycosides cetearyl alcohol). Како што гледате, тој е правен врз база на пченица и затоа беше важно да не сте алергични на пченица. Тој дава едно меко, свилено чувство на кожата и јас веднаш се вљубив во емулгаторот.
Избраните масла беа: јојобино, масло од кајсиини семки, сусамово, масло од пченични никулци и масло од шипка. Можеби сте ги користеле некои од ови масла и веќе знаете да сите се одлични за сува кожа.

јојобино масло (органско)

Јојобино масло - ова масло го спомнавме неколку пати. Тоа се нашло во многу креми и препарати кои ги правам. Всушност, во сите креми. Иако јојобата не е масло, туку течон восок, вие не ја чувстувате како восок. Туку спротивно. Масло кое му одговара на сите типови на кожа, бидејќи има сличен состав на човечката кожа. На сликава се види каква конзистенција има кога е во фрижидер.
Можете да го најдете во овој пост- во крема, во овој пост- во маска за лице 

Ознака BIO e германска ознака за органско потекло.







масло од шипка (органско)


Масло од шипка - пребогато со мрсни киселини, витамини и антиоксиданси. Се смета како делотворно масло и кај брчките, кога постојано се употребува, а веднаш по првата апликација, маслото прави да вашата сува кожа осети олеснување, станува мазна и помека.






Масло од пченични никулци- масло изузетно богато со токофероли (витамин Е) и есенцијални масни киселини, кое ја штити кожата од антиоксидативни процеси кои норамлно се случуваат. Освежува уморна кожа и ги потикнува клетките на подобар метаболизам. Спаѓа во мрсни масла, но тоа на сува кожа не и пречи.

Сусамово масло-  изврсни бенефити од ова лесно приступачно масло. Има одлична овлажувачка, антиоксидативна и  регулаторна моќ- хидрира и го регулира лачањето на себумот. Лесно до средно тешко масло. Ова масло има благ заштитен фактор од УВ зраци (слично како ши путер) и се користи и во препарати за сончање.

Масло од кајсиини семки- во последно време многу популарно масло. Иако сигурно нема исцелувачка моќ каква му ја пришишуваат рекламите од овој или оној бренд, ова масло е корисно и пожелно во сите козметички препарати.
Иако важи за уверзално масло (за сите типови на кожа), тоа е ,слично како бадем, попогодно за сува и нормална кожа. Спаѓа во лесни масла, лесно се впива и дава лесен осет на кожата. Eмолиент e, обезбедува нега и самостојно, но уште повеќе во комбинација со другите масла. Се смета за масло убица на канцерогени клекти, поради витамонот Б17. (Јас од сите вакви тврдења да лекува било што, однапред се оградувам). Покрај него, содржи и витамини А и Е, потребни за сите типови на кожа.


Водената фаза на кремата содржуваше: хидросол од нероли, вода, алантоин (оклузив, природен, хипоалерген, го содржат сите мои емулзии), глицерин и ксантан (давателот и подржувателот на козистенцијата)

Од останатите компоненти, тука се: Coco-Caprylate (природна замена за силикони), Cetyl alcohol (мрсен алкохол, дава конзистениција и ја подржува стабилността на кремата, коемулгатор и емолиент), витамин E, пантенол (провитамин на витамин Б) и конзерванс одобрен од Eco -Cert (dehydroacetic acid and benzyl alcohol). Во сите креми се наоѓа овој конзерванс.
Мирисот кој некој го сакаше, некој баш и не, е етерично масло од лаванда.


готова крема


Крема 2


Разлики помеѓу двете креми беа всушност мали. Главната разлика беше во емулгаторот, во оваа крема емулгатор беше Phytocream 2000 ( Potassium Palmitoyl, Hydrolyzed Wheat Protein, Glyceryl Stearate, Cetearyl Alcohol). И овој емулгатор је правен врз база на пченица. 
Втората разлика беше вкупната количина и размерот на маслата: кремата 1 беше помрсна, но сепак поголем број на испитаници ја одбрало кремата 2 како поомилена.
Наместо нероли хидролатот, во оваа крема имаше хидролат од роза. Од хумектантите освен глицеринот, го имаше и сорбитолот. 
Наместо етерично масло од лаванда, оваа крема имаше етерично масло од елеми (прочитајте малку за него на линкот).



Бидејќи овие креми беа дневни, тие беа “конкуренција“ една на друга. И можам да ви кажам дека поголем број на испробувачи, кога требало да одговорат на прашање која крема им повеќе одговарала,  ја избрало кремата 2 како поомилена.

Морам да нагласам дека сите сте нашле мали разлики помеѓу двете, а освен мирисот, кој беше дистинктивен, не сте приметиле друга разлика. 



Lux крема, или крема 3


Оваа крема многу ви се допадна! А како и не би!?
Оваа крема, со мали модификации на маслата и другите состојки, ја правам редовно како својата ноќна крема. Во неа од секогаш доминирале масла добра за зрела кожа, која се воедно добри и за сува. Затоа и оваа крема била дел од понуденети тестери. Со оглед на тоа дека во неа нема никакви агресивни состојки, сем богати масла, таа нема неко посебно ограничување за годините на кои им е наменета. 
С оглед на тоа дека кремата содржувала етерично масло од портокал, кое е фототоксично, мојата препорака беше да не ја користите дење. Но, да не беше тоа единствено ограничување, општиот впечаток е дека оваа крема би ја сакале и за дневна употреба.  
Во третата крема биле следните масла: јојобино, арганово, макадамиино и масло од црно семе.

органско масло од арган
Арганово- поради високиот ниво на витаминот Е и сапонините (омекшувачи на кожата), ова е едно од масла кои се неизбежни во anti-age препаратива. Погодно и за сува и за мрсна кожа, но исто тако и за акнозна и егземична. Лесно се апсорбира во кожата и не дава мрсно чувство. Спаѓа во скапи масла.


органско масло од макадамија
Макадамиино- Уште едно од богати масла. Макадамија содржи огромен процент на цинк, селен и есенцијални мрсни киселини (тие киселини не е ствараат во нашиот организам и мораме да ги внесуваме од надвор). Поради тоа, ова е уште едно масло идеално за зрела кожа, бидејќи на таа и недостасуваат есенцијални мрсни киселини со години. Затоа ова масло е одлично и за конзумација.
Неговиот состав подсеќа на составот на човечката кожа, така да маслото одлично го поднесуваат сите типови, а поради палмитолеинската киселина, одличен е избор за сува кожа. Го намалува чувството на чешање и ја смирува иритираната кожа, бидејќи поседува фитостероли кои делуваат како природни кортизон. Маслото е суво, брзо се впива, поефтино од арган и некои други племенити масла, што го прави уште популарно.




Масло од црно семе- прочитајте повеќе за него тука

Емулгаторот е OliveM 1000, кој е еден од најдобрите емулгатори за природна козметика. Го користат и големи, познати брендови. Правен е врз база на маслиновото масло и дури да се користи и без масла, тој сам е убав емолиент и фино и прија на кожата. 

Како и во првите две креми, и овде беа додадени фактори на козистенција (Cetyl Alcohol, Xanthan gum), емолиент за фин, свилен осет и намалување на мрсен осет од кремата (Coco- Caprilate), алантоин, глицерин, натриум-лактат (природни хумектанти), конзерванс и етерични масла од елеми и портокал. И во оваа крема имаше хидролат од рози.


Ви благодарам на сите што пристанавте да ги пробате кремите и што имавте доверба да ги користите и тоа без икаков назначен состав. Составот намерно не беше испишан, да не би имале сугестивни влианиа на впечатокот и да мислењето да можете да го формирате само врз база на сопствено искуство при користењето.

После целото ова наше заедничко искуство, јас сум многу задоволна како кремите ви се допаднале и како сте биле задоволни додека сте ги користиле.
Нарачките за овие креми пристигнуваат, а во продажба ќе бидат токму овие креми, со мали измени.
  1. Една денска и една ноќна крема, како овие, но збогатени со авокадово масло и протеини од овес, и
  2. Уште една, потешка од претходните, која би била за изразито сува кожа, кога во поедини периоди во текот на годината, кожата од разни причини ви се суши повеќе отколку обично (зима, сонце, сува клима, хормонски промени. итн....). Таа трета крема би содржала , покрај маслата и органискиот ши путер. 


Денска и ноќна крема, које веќе се порачани и испорачани:





Слично нешто планирам и за мрсна кожа, така да очекувајте ги новините.

Ви благодарам на трпението и вашата доверба, без вас овие креми не би имале смисла да постојат.



Можеби сакате да прочитате повеќе за природната козметика:

  1. Разлика помеѓу природна и комерцијана козметика- вистина и заблуди
  2. Што содржат природни козметички препарати- македонска верзија и српска верзија




read more "Тест креми за сува кожа- Резултати"

5.6.15

Cakes and favours!

a group view of what you'll see in this post

WARNING: A PICTURES HEAVY POST!!!

This blog has been neglected for a while and still I owe the post on natural facial creams I'd had tested by my customers.
But now, I want to show you I've been up to lately. As some of you may know, I've started to make favours of any kind- wedding, birthday, baby shower, 'first baby steps' favours, or whatever you need little soaps for. The great part of making this kind of soaps is that I don't have to wrap them. Those little beauties go to the customer wrapped by a wonderful and very creative girl, who's specialized in making all kinds of decoration. Visit her page to see more of what she makes.

These are some of the soaps she had wrapped and sent out to a client

favour soaps, wedding favours, diva soap
always following client's wishes



wedding favours, favour soap, diva soap
some of wrapping desings

wedding favours, favour soaps, diva soap
lollipop soap





another lollipop


Then, I made more soaps, which I might keep for my store, because they make a perfect match. Look!

girls' and......

.....boys' soap


looking cute together







So, after making simple, rectangular soaps, we came up with the idea to create something more eye catchy. Thus, I made different cakes and cupcakes.


mini cake



soap cake, piping soaps, diva soap
the layers inside




cake soaps, piping soaps, diva soap
smells like almond-lemon- berries cake

how small they are

more extravagant version



the top is decorated with whipped soap




Then, I went a step further and wanted to pipe more and more. I decided to do more whipped soap and make cupcakes with whipped filling. 
The whipped soap is specific, not only for using a different type of  mixer, but also for its ingredients. To make soap stay fluffy and creamy, you are advised to minimize the percentage of liquid oils. Since summer has already come here, I decided to leave the liquid oils out and make this batch only with solid oils and fats. For this test batch of cupcakes, I used only coconut,lard and palm oil. Depending on the market demands ,I might be making the more exclusive varieties with butters. 

So, here they are

cupcake soaps, diva soap, piping soap

cupcake soaps, piping soaps, diva soap










Hope you still haven't run away!
So, if you need any kind of soap favours, or you know someone who does, you can send them to visit my webstore, or contact me on my mail, for more information on these.



Do you like these minis? Any suggestion for more varieties on favour soaps? 

 That was all for now!
 Thanks for your patience and have a great weekend!







read more "Cakes and favours!"