Иако сакав многу порано да го објавам овој текст, во меѓувреме се појавија нови сапуни, кои требаше да ги представам, па потоа пак не бев тука и што планирани, што непланирани работи, напросто го сопреа овој текст да се појави порано.
Пред некое време, по постојано барање на некои од вас, направив 2 креми за сува кожа.
Бидејќи јас немам таква кожа, ми беше потребна вашата помош, за да ги тестирате кремите и да го дадете вашето мислење.
Постот за кремите е тука , а вие го поштено изработивте вашиот дел и многу сам ви благодарна за тоа.
Додека ги припремав да ви ги пратам тестерите, ја направив и третата крема.Таа е правам постојано и бидејќи содржи високо квалитетни, негувачки масла за зрела кожа, ви пратив и од неа. Таа беше означена како ЛУКС и беше препорачана за ноќна нега.
Сите креми се правени од ладно цедени масла, а за оваа прилика направив неколку фотки од оние масла кои се и ОРГАНСКИ И ЛАДНО ЦЕДНИ.
Избраните масла беа: јојобино, масло од кајсиини семки, сусамово, масло од пченични никулци и масло од шипка. Можеби сте ги користеле некои од ови масла и веќе знаете да сите се одлични за сува кожа.
Јојобино масло - ова масло го спомнавме неколку пати. Тоа се нашло во многу креми и препарати кои ги правам. Всушност, во сите креми. Иако јојобата не е масло, туку течон восок, вие не ја чувстувате како восок. Туку спротивно. Масло кое му одговара на сите типови на кожа, бидејќи има сличен состав на човечката кожа. На сликава се види каква конзистенција има кога е во фрижидер.
Можете да го најдете во овој пост- во крема, во овој пост- во маска за лице
Ознака BIO e германска ознака за органско потекло.
Масло од шипка - пребогато со мрсни киселини, витамини и антиоксиданси. Се смета како делотворно масло и кај брчките, кога постојано се употребува, а веднаш по првата апликација, маслото прави да вашата сува кожа осети олеснување, станува мазна и помека.
Масло од пченични никулци- масло изузетно богато со токофероли (витамин Е) и есенцијални масни киселини, кое ја штити кожата од антиоксидативни процеси кои норамлно се случуваат. Освежува уморна кожа и ги потикнува клетките на подобар метаболизам. Спаѓа во мрсни масла, но тоа на сува кожа не и пречи.
Сусамово масло- изврсни бенефити од ова лесно приступачно масло. Има одлична овлажувачка, антиоксидативна и регулаторна моќ- хидрира и го регулира лачањето на себумот. Лесно до средно тешко масло. Ова масло има благ заштитен фактор од УВ зраци (слично како ши путер) и се користи и во препарати за сончање.
Масло од кајсиини семки- во последно време многу популарно масло. Иако сигурно нема исцелувачка моќ каква му ја пришишуваат рекламите од овој или оној бренд, ова масло е корисно и пожелно во сите козметички препарати.
Иако важи за уверзално масло (за сите типови на кожа), тоа е ,слично како бадем, попогодно за сува и нормална кожа. Спаѓа во лесни масла, лесно се впива и дава лесен осет на кожата. Eмолиент e, обезбедува нега и самостојно, но уште повеќе во комбинација со другите масла. Се смета за масло убица на канцерогени клекти, поради витамонот Б17. (Јас од сите вакви тврдења да лекува било што, однапред се оградувам). Покрај него, содржи и витамини А и Е, потребни за сите типови на кожа.
Водената фаза на кремата содржуваше: хидросол од нероли, вода, алантоин (оклузив, природен, хипоалерген, го содржат сите мои емулзии), глицерин и ксантан (давателот и подржувателот на козистенцијата)
Од останатите компоненти, тука се: Coco-Caprylate (природна замена за силикони), Cetyl alcohol (мрсен алкохол, дава конзистениција и ја подржува стабилността на кремата, коемулгатор и емолиент), витамин E, пантенол (провитамин на витамин Б) и конзерванс одобрен од Eco -Cert (dehydroacetic acid and benzyl alcohol). Во сите креми се наоѓа овој конзерванс.
Мирисот кој некој го сакаше, некој баш и не, е етерично масло од лаванда.
Арганово- поради високиот ниво на витаминот Е и сапонините (омекшувачи на кожата), ова е едно од масла кои се неизбежни во anti-age препаратива. Погодно и за сува и за мрсна кожа, но исто тако и за акнозна и егземична. Лесно се апсорбира во кожата и не дава мрсно чувство. Спаѓа во скапи масла.
Макадамиино- Уште едно од богати масла. Макадамија содржи огромен процент на цинк, селен и есенцијални мрсни киселини (тие киселини не е ствараат во нашиот организам и мораме да ги внесуваме од надвор). Поради тоа, ова е уште едно масло идеално за зрела кожа, бидејќи на таа и недостасуваат есенцијални мрсни киселини со години. Затоа ова масло е одлично и за конзумација.
Неговиот состав подсеќа на составот на човечката кожа, така да маслото одлично го поднесуваат сите типови, а поради палмитолеинската киселина, одличен е избор за сува кожа. Го намалува чувството на чешање и ја смирува иритираната кожа, бидејќи поседува фитостероли кои делуваат како природни кортизон. Маслото е суво, брзо се впива, поефтино од арган и некои други племенити масла, што го прави уште популарно.
Слично нешто планирам и за мрсна кожа, така да очекувајте ги новините.
Ви благодарам на трпението и вашата доверба, без вас овие креми не би имале смисла да постојат.
Можеби сакате да прочитате повеќе за природната козметика:
Пред некое време, по постојано барање на некои од вас, направив 2 креми за сува кожа.
Бидејќи јас немам таква кожа, ми беше потребна вашата помош, за да ги тестирате кремите и да го дадете вашето мислење.
Постот за кремите е тука , а вие го поштено изработивте вашиот дел и многу сам ви благодарна за тоа.
Додека ги припремав да ви ги пратам тестерите, ја направив и третата крема.Таа е правам постојано и бидејќи содржи високо квалитетни, негувачки масла за зрела кожа, ви пратив и од неа. Таа беше означена како ЛУКС и беше препорачана за ноќна нега.
Сите креми се правени од ладно цедени масла, а за оваа прилика направив неколку фотки од оние масла кои се и ОРГАНСКИ И ЛАДНО ЦЕДНИ.
Што кремите содржуваа?
Крема 1
Крема 1 е правена со еден од моите омилени емулгатори кога се лосиони во прашање, Xyliance (Cetearyl wheat straw, glycosides cetearyl alcohol). Како што гледате, тој е правен врз база на пченица и затоа беше важно да не сте алергични на пченица. Тој дава едно меко, свилено чувство на кожата и јас веднаш се вљубив во емулгаторот.Избраните масла беа: јојобино, масло од кајсиини семки, сусамово, масло од пченични никулци и масло од шипка. Можеби сте ги користеле некои од ови масла и веќе знаете да сите се одлични за сува кожа.
јојобино масло (органско) |
Јојобино масло - ова масло го спомнавме неколку пати. Тоа се нашло во многу креми и препарати кои ги правам. Всушност, во сите креми. Иако јојобата не е масло, туку течон восок, вие не ја чувстувате како восок. Туку спротивно. Масло кое му одговара на сите типови на кожа, бидејќи има сличен состав на човечката кожа. На сликава се види каква конзистенција има кога е во фрижидер.
Можете да го најдете во овој пост- во крема, во овој пост- во маска за лице
Ознака BIO e германска ознака за органско потекло.
масло од шипка (органско) |
Масло од шипка - пребогато со мрсни киселини, витамини и антиоксиданси. Се смета како делотворно масло и кај брчките, кога постојано се употребува, а веднаш по првата апликација, маслото прави да вашата сува кожа осети олеснување, станува мазна и помека.
Масло од пченични никулци- масло изузетно богато со токофероли (витамин Е) и есенцијални масни киселини, кое ја штити кожата од антиоксидативни процеси кои норамлно се случуваат. Освежува уморна кожа и ги потикнува клетките на подобар метаболизам. Спаѓа во мрсни масла, но тоа на сува кожа не и пречи.
Сусамово масло- изврсни бенефити од ова лесно приступачно масло. Има одлична овлажувачка, антиоксидативна и регулаторна моќ- хидрира и го регулира лачањето на себумот. Лесно до средно тешко масло. Ова масло има благ заштитен фактор од УВ зраци (слично како ши путер) и се користи и во препарати за сончање.
Масло од кајсиини семки- во последно време многу популарно масло. Иако сигурно нема исцелувачка моќ каква му ја пришишуваат рекламите од овој или оној бренд, ова масло е корисно и пожелно во сите козметички препарати.
Иако важи за уверзално масло (за сите типови на кожа), тоа е ,слично како бадем, попогодно за сува и нормална кожа. Спаѓа во лесни масла, лесно се впива и дава лесен осет на кожата. Eмолиент e, обезбедува нега и самостојно, но уште повеќе во комбинација со другите масла. Се смета за масло убица на канцерогени клекти, поради витамонот Б17. (Јас од сите вакви тврдења да лекува било што, однапред се оградувам). Покрај него, содржи и витамини А и Е, потребни за сите типови на кожа.
Водената фаза на кремата содржуваше: хидросол од нероли, вода, алантоин (оклузив, природен, хипоалерген, го содржат сите мои емулзии), глицерин и ксантан (давателот и подржувателот на козистенцијата)
Од останатите компоненти, тука се: Coco-Caprylate (природна замена за силикони), Cetyl alcohol (мрсен алкохол, дава конзистениција и ја подржува стабилността на кремата, коемулгатор и емолиент), витамин E, пантенол (провитамин на витамин Б) и конзерванс одобрен од Eco -Cert (dehydroacetic acid and benzyl alcohol). Во сите креми се наоѓа овој конзерванс.
Мирисот кој некој го сакаше, некој баш и не, е етерично масло од лаванда.
готова крема |
Крема 2
Разлики помеѓу двете креми беа всушност мали. Главната разлика беше во емулгаторот, во оваа крема емулгатор беше Phytocream 2000 ( Potassium Palmitoyl, Hydrolyzed Wheat Protein, Glyceryl Stearate, Cetearyl Alcohol). И овој емулгатор је правен врз база на пченица.
Втората разлика беше вкупната количина и размерот на маслата: кремата 1 беше помрсна, но сепак поголем број на испитаници ја одбрало кремата 2 како поомилена.
Наместо нероли хидролатот, во оваа крема имаше хидролат од роза. Од хумектантите освен глицеринот, го имаше и сорбитолот.
Наместо нероли хидролатот, во оваа крема имаше хидролат од роза. Од хумектантите освен глицеринот, го имаше и сорбитолот.
Наместо етерично масло од лаванда, оваа крема имаше етерично масло од елеми (прочитајте малку за него на линкот).
Бидејќи овие креми беа дневни, тие беа “конкуренција“ една на друга. И можам да ви кажам дека поголем број на испробувачи, кога требало да одговорат на прашање која крема им повеќе одговарала, ја избрало кремата 2 како поомилена.
Морам да нагласам дека сите сте нашле мали разлики помеѓу двете, а освен мирисот, кој беше дистинктивен, не сте приметиле друга разлика.
Lux крема, или крема 3
Оваа крема многу ви се допадна! А како и не би!?
Оваа крема, со мали модификации на маслата и другите состојки, ја правам редовно како својата ноќна крема. Во неа од секогаш доминирале масла добра за зрела кожа, која се воедно добри и за сува. Затоа и оваа крема била дел од понуденети тестери. Со оглед на тоа дека во неа нема никакви агресивни состојки, сем богати масла, таа нема неко посебно ограничување за годините на кои им е наменета.
С оглед на тоа дека кремата содржувала етерично масло од портокал, кое е фототоксично, мојата препорака беше да не ја користите дење. Но, да не беше тоа единствено ограничување, општиот впечаток е дека оваа крема би ја сакале и за дневна употреба.
Во третата крема биле следните масла: јојобино, арганово, макадамиино и масло од црно семе.
органско масло од арган |
органско масло од макадамија |
Неговиот состав подсеќа на составот на човечката кожа, така да маслото одлично го поднесуваат сите типови, а поради палмитолеинската киселина, одличен е избор за сува кожа. Го намалува чувството на чешање и ја смирува иритираната кожа, бидејќи поседува фитостероли кои делуваат како природни кортизон. Маслото е суво, брзо се впива, поефтино од арган и некои други племенити масла, што го прави уште популарно.
Масло од црно семе- прочитајте повеќе за него тука
Емулгаторот е OliveM 1000, кој е еден од најдобрите емулгатори за природна козметика. Го користат и големи, познати брендови. Правен е врз база на маслиновото масло и дури да се користи и без масла, тој сам е убав емолиент и фино и прија на кожата.
Како и во првите две креми, и овде беа додадени фактори на козистенција (Cetyl Alcohol, Xanthan gum), емолиент за фин, свилен осет и намалување на мрсен осет од кремата (Coco- Caprilate), алантоин, глицерин, натриум-лактат (природни хумектанти), конзерванс и етерични масла од елеми и портокал. И во оваа крема имаше хидролат од рози.
Ви благодарам на сите што пристанавте да ги пробате кремите и што имавте доверба да ги користите и тоа без икаков назначен состав. Составот намерно не беше испишан, да не би имале сугестивни влианиа на впечатокот и да мислењето да можете да го формирате само врз база на сопствено искуство при користењето.
После целото ова наше заедничко искуство, јас сум многу задоволна како кремите ви се допаднале и како сте биле задоволни додека сте ги користиле.
Нарачките за овие креми пристигнуваат, а во продажба ќе бидат токму овие креми, со мали измени.
- Една денска и една ноќна крема, како овие, но збогатени со авокадово масло и протеини од овес, и
- Уште една, потешка од претходните, која би била за изразито сува кожа, кога во поедини периоди во текот на годината, кожата од разни причини ви се суши повеќе отколку обично (зима, сонце, сува клима, хормонски промени. итн....). Таа трета крема би содржала , покрај маслата и органискиот ши путер.
Денска и ноќна крема, које веќе се порачани и испорачани:
Слично нешто планирам и за мрсна кожа, така да очекувајте ги новините.
Ви благодарам на трпението и вашата доверба, без вас овие креми не би имале смисла да постојат.
Можеби сакате да прочитате повеќе за природната козметика:
- Разлика помеѓу природна и комерцијана козметика- вистина и заблуди
- Што содржат природни козметички препарати- македонска верзија и српска верзија
Thanks for this, Maja! I am at turtle pace with making lotions/creams. I got stuck with the least evil choice of preservative. I will look into Olivem-1000. I saw that Curious Soapmaker uses it. Is it a popular preservative in Europe?
ReplyDeleteSilvia, Olivem 1000 is an emulsifier, very nice and all-natural. It's a great choice for facial creams, but also for lotions. Bit,it's bit tricky to work with. I don't know which one you got, but if you still haven't, you maybe want to get another one, easier to handle.
DeleteThe preservative I use and I see many producers of natural cosmetics use it commercially, is Geogard 221 (Cosgard is another commercial name) with INCI: dehydroacetic acid and benzyl alcohol. That one is Eco-Cert approved and it works very fine to me. So, good choice if you want a certified preservative, with no parabens, phenoxyethanol, formaldehyde donors and other controversial constituents.
Maja, you are so good at explaining about creams and the their ingredients that I am thinking of buying a cream of yours( haven't made any cream for months-years). But I remember the creams you gave me and how good they are, so I really hope you get lots of customers!
ReplyDeleteThanks Nat! With people being more oriented to natural, I hope they will discover the benefits of natural cosmetics and creams with real good, pure and organic ingredients.
DeleteE Maja iskreno navistina sum srekna za tebe i za mene i za site sto ke gi probaat tvoite kvalitetni i luksuzni kremovi (ovie zborovi se premalku da go objasnat dejstvoto ,efikasnosta i blagotvorniot efekt sto go imaat tvoite kremi vrz kozata)..preemmaalkuuuu haha. Mojata koza imase cest da gi proba:) i sega so netrpenie cekam da bidat vo prodazba! I so sreka i so kremovite za mrsna koza super!
ReplyDeleteA koga se raboti za sostojkite vo proizvodite za nega na koza i voopsto za prirodna kozmetika i kozmetika samo tvoi postovi i citam :))
Zorica
I jas sum srekna sto gi sakas proizvodite i sto ti odgovaraat. Se trudam da objasnuvam sto podobro mozam, no ne e lesno, od mnogu informacii, treba da se izdvojat samo najbitni, bidejki tekstot treba da e kratok, a sodrzin ata dovolno informativna.
DeleteTi blagodaram za zelbite, se nadevam deka lugjeto ke go prepoznaat kvalitetot,
Love how you explain everything in detail, not so crazy about Google Translate butchering your post though. ;)
ReplyDeleteHehe, I understand how you feel. But nevermind, if you ever decide to try your hand at lotion making, I'm here to help. In English, lol!
Delete