head

24.8.13

'OMH' + 'Black&White'

Овој текст је посветен на производите од кои се состои 'Diva Soap' сетот. 
Ни на блогот, ни на ФБ страница досега не сме ги опишале состојките на
овие сапуни.
Сега ќе дознаете повеќе, а среќните добитници полесно ќе си одберат својот фаворит!

1. Сапунот 'OMH' (oatmeal, milk & honey)- содржи козјо млеко, овесни
снегулки, мед, рицинусово масло во поголем процент и какао путер. Неговата 
формула е таква што ќе им одговара на поголем број на луѓе со различни видови на кожа.





























Тој е ефикасен при чистењето на вашето лице и тело, а 
воедно е благ и нежен. Помага при сочувување на влажността на кожата. 
Овесните снегулки го намалуваат црвенилото и ја омекнуваат иритираната
кожа. Козјото млеко и медот се познати по своите смирувачки, хидрирачки и 
омекнувачки дејства.
Тежина: околу 80 гр
2.  Сапунот 'Black&White'  содржи кокосово млеко кое во сапунот  има слични
особини како козјото и често се користи како негова 'веган' варијанта. Исто 
така,содржи рицинусово масло и активен јаглен, кои ја нежно чисти и детоксифицира 
кожата. Одличен за тинејџерски мозолчиња, како и за зрела кожа.
Тежина: околу 70 гр
Овие сапуни се формулирани за да им одговараат на мнозина луѓе!
Потполно се природни и се користат за лице и тело. 
Во нашата редовна понуда, имаме и сапуни кои се за специфицирани типови 
на кожа.




3. Сапунот 'Himalayan'- сапун кои ќе го обожавате. Овој е специфичен
сапун, составен е од само два вида на масла, кокосово и shea путер. Со
други зборови, тоа значи дека изобилува со драгоцениот shea. Направен 
со кокосово млеко и хималајска сол, сапунот во има разни терапевтски
дејствија. За хималајската сол, прочитајте повеќе во  овој пост.


4. Цврстиот путер за тело- еден од двата вида на путери кои регуларно
се наоѓаат во нашата понуда, е составен од најквалитетни нерафинирани 
масла. Се прилагодува на температурата на телото, така да лесно можете 
да го нанесете каде што имате потреба. Неговата зелена боја доаѓа од 
нерафинираното маслиново и авокадово масло. Се користи како интензивен 
третман за екстремно сува кожа -  раце, усни, пети, лактови, па дури и за  
сува коса ( се нанесува само на краевите од косата кои се оштетени), а ако 
сакате и за целото тело.
Сите овие производи се потполно природни - не содржат бои и мириси и 
можете да ги користите и за вашите најмали членови на семејството.


5. Пилинг коцки- погледнете го краткото фото-упатство на нашата ФБ
станица, за да видете како се користат. Тие содржат бадемово и маслиново 
масло, така да не само што ќе направите пилинг, но кожата ќе ви остане мека 
и хидрирана. Содржат мирисни компоненти и козметички пигменти (или во 
некој случај прехрамбени бои), а црните коцки содржат активен јаглен.




Ви благодарам уште еднаш на сите што учествувавте во оваа мала игра!


Edited: I was asked how I had done the 'Black&White' soap, which I described into the comments section, but I said the technique was not originally my idea and don't want to take the credit for it. However, I happened to came across this beautiful site, where I believe this fun technique had been first presented (and look, this lady also made, among others, black & white combo!). 
read more "'OMH' + 'Black&White'"

20.5.13

'HIMALAYAN'





Хималајската сол е нешто релативно ново на овие простори. Како луѓето се повеќе се свртуваат кон здравата исрхана, се повеќе откриваат и нови артикли кои ги воведуваат во секојдневниот живот.






Јас хималајската сол ја воведов и во сапуните!

















read more "'HIMALAYAN'"

25.3.13

"KO-KO-SOAP"

Овој сапун пристигнува за празниците кои што следат. А некако добро иде и со пролетта, која што изгледа се предомисли. Ова е мојот начин да ја повикам пролетта, можеби најпосле и ќе пристигне.





























read more ""KO-KO-SOAP""

17.3.13

"HAPPY HOURS" I & II

Здраво на сите што го следите овој блог. Денеска ве презентираме два скоро потполно исти сапуни. Зато им посветувам еден пост, па сами одлучите кој повеќе ви се допаѓа. Јас сакав да експериментирам со комбинации на боите и шарите, а вие одлучите кој повеќе ќе ви се допадне .




read more ""HAPPY HOURS" I & II"

4.12.12

"PASTEL SENSITIVE"

Овој сапун е уште еден од сапуните наменети за осетлива и сува кожа.
За разлика од претходниот, кои обилува со бадемово масло, овој сапун содржи неверојатни 15% на ши путер (shea butter) и 40%  екстра девствено маслиново масло. Овие масла не прават големи меурчиња во сапунот, но затоа ние додадовме рицинусово масло во богат процент,за гооолеми меурчиња.



read more ""PASTEL SENSITIVE""