Покрај стандардни цврсти сапуни, однедамна се во работилница произведувaат и други врсти на сапуни.
Еве што ново се запенушало во Дивина сапунска лабораторија.
ТЕЧЕН САПУН
Течниот сапун се разликува од црвстиот првен по сапонифицирачки агент. Наместо натриум-хидроксид, за течен сапун се користи калиум-хидроксид. Се користи исто како и цврстиот, за раце, тело и ако се посебно формулира и за лице. Тој е сосема различен комерцијални гелови за туширање, првен по тоа што е потполно природен. Не содржи синтетички сурфактанти, кои ви ја исушуваат кожата, не содржи парабени, ниту други агенси кои се користат во индустриски средства. Тој, исто како и сапунот, не ја исушува кожата и многу е погоден за често миење раце, како и бањање.
![]() |
| фази на правење течен сапун |
Во горниот дел на сликата се гледа фаза кога сапунот е готов, пред да се раствори.
На сликиве делува како свила со својот природен сјај и баршунаст изглед, само густ (слика долу лево).
На централната слика (и долу десно) се гледа крајниот производ, течен сапун, спремен за користење.
Во овој случај, јас додадов малце розова мика (engl.mica), за да има транслуцентан сјај. Навистина делува волшебно, а се разбира, не остава светкава трага на кожа.
Еве уште една слика од другата тура на течен сапун. Морам да кажам да побарувачката помеѓу моите пријатели и роднини навистина е голема и често го правам овој сапун. Така вооглавно и ги тестирам новите производи.
![]() | ||
| ТЕЧЕН САПУН / КУПКА- беше навистна тешко дома да се најде оваков диспанзер за течен сапун |
![]() |
| фино и густо |
ХАМАМ САПУН (БЕЛДИ)
Како гледате на сликава, веќе самата форма на сапунот изгледа необично.
Сапунот е во форма на паста, што го одвојува и од цврсти и од течни сапуни.
Овој сапун се состои исклучително од маслиново масло- тнр. Кастилски сапун. Но, она што го прави сапунот во оваа форма се МАСЛИНКИТЕ, кои се додаваат во него.
Маслинките се фино сомелени и не се ни гледаат во пастата. Но, нивното присуство е неопходно за да овој сапун ја обави својата функција.
Во ориентални земји, секој има својот рецепт за правење на белди. Понекогаш, наместо маслинки се додава паста од рузмарин, или од други растениа. Во други рецепти сапунот прави со додаток на други масла, но само сапунот со 100% маслиново масло е оригинален марокански хамам сапун. Во него се додава етерично масло од еукалиптус, кое ја поттикнува циркулацијата, делува антиревматски, антисептично, антибактериски и антивоспалувачки, а со својот остер мирис ги стимулира сетилата.
Како се користи Хамам сапун?
Кога дојдете во Хамам, или во современи услови- сауна, првен се тело опушта и под дејство на пареа, со што кожата се припрема за третман. Порите се отвараат, а телото се ослободува од токсини.Потоа се нанесува Хамам паста. Со малку вода, пастата се претвора во млечно бел лосион. Омекната паста потоа се нанесува на целото, мокро тело, вклучувајќи го и лицето.
![]() |
| млечно бела емулзија која се добива со малце вода додадена во Белди |
![]() |
| KESSA- фото |
Откога ќе заврши оваа фаза, телото се плакне со топла вода, обично со мека тканина. Пената која се направи е кремаста, со мало меурчиња, така да всушност наликува на лосион, а не на сапун.
Завршната фаза на третманот е мачкањето со арганово масло. Арганот (самото дрво) расте во Мароко, така да маслото се прави од давни времиња, па локалните жители ги знаат сите тајни и бенефити од арганово масло.
![]() |
| проба на Белди нанесен на мојата рака и нога, без употреба на ракавица |
Целиот третман со Белди сапун трае околу еден час.
За да го имате право спа доживувањето Белди сапун , неопходна ви е сауна, бидејќи од најголема важност е телото да биде изложено на пареа, за да се отвораат порите.
За да го имате право спа доживувањето Белди сапун , неопходна ви е сауна, бидејќи од најголема важност е телото да биде изложено на пареа, за да се отвораат порите.
За користењето на Белди сапун не постојат органичувања, во смисла на тип на кожа, на старост, здравствена состојба на кожа и други фактори. Овој сапун можат да го користат сите.
Се надевам дека ви се дoпадна приказнатa за Белди и нaшиoт течен сапун!
Имајте убав викенд од утре!
Се надевам дека ви се дoпадна приказнатa за Белди и нaшиoт течен сапун!
Имајте убав викенд од утре!






.jpg)





Older Posts