Инспириран со некои далечни, песочни плажи, палми и освежувачки, ледени коктели, не можав да смислам подобро име за ваков изглед и мирис на сапунот. Коктел!
![]() |
| морето во позадина |
Овде се и камчињата верна сценографија за морето, :-)
Колку зимата беше ладна и долга, првата мисла на лето ми ja даде идејата за овој сапун. Знаев дека мора да има овие бои, топли, разиграни, весели и да асоцираат на коктели.
Не знам дали спаѓате во оние кои спрема мирисите ги одредуваат бои, како јас. Секој мирис мене ме асоцира на некоја боја и обратно, кога ја видим бојата на опаковката на парфем, јас знам каков мирис трба да очекувам.
Нпр. зелената паковка сигурно ќе има свежа нота, со цитруси и кисели овошја, како и полско цвеќе. Црвените паковки сигурно ќе имаат слатка, ваниласта и мошусна нота, тие никогаш не се свежи. Светло виолетова паковка готово сигурно ќе биде цветен мирис, со многу лесни, прекрасни ноти, додека темно виолетова ќе има една подлабока, постабилна базна нота, мошусна или опиумска, итн.
Така размислувам и кога ја креирам комбинацијата бои за секој сапун. Мислам, веројатно не очекувате сапун со мирис на љубичици да биде зелен, или сапун со мирис на лимон, плав, зарем не?
| коктел за во бања |
Следејќи ја истата логика, сапун што го гледате мириса на зрели манга, лубеници, дињи и банана, сочен, слаткасто-кисел, сублимирани во единствена хармонија, исто како кога пиете коктел.
| добро, не е баш палма,но може да послужи |
Кога се работи за составот, сакав сапунот да биде за секојдневно користење, кога ви треба брз туш, да ве освежи, орасположи и пружи доволна нега, без допунски мачкања креми и лосиони.
Како што запазивте на првата слика, сапунот содржи авокадовото масло и какао путерот, како премиум состојки. Тука е и розева каолин глина и токму таа му ја дава основната боја на сапунот.
Глините се популарни и поради кремастата пена која ја даваат на сапунот, а за нивните детоксирачки функции веќе зборевме тука (сапунот 'Femina', првата верзија)
Состав: Sodium Olivate, Sodium Cocoate, Sodium Palmate, Sodium Castorate, Sodium Cocoa butterate,Sodium Avocadate, Sodium Lardate, glycerin, pink kaolin clay, natural silk, natural colorants, cosmetic pigments, premium fragrance oil (cosmetic grade)
И покрај тоа што касним со овој пост, сапунот е достапен во продавницата, така да уште имате време да го грабнете своето парче.
Имајте убав почеток на ова лето!






























Older Posts