head

7.7.13

'SYNDET' и останатите детергенти

Пред некое време бев прашана дали моите сапуни содржат сода! Исто така, едно од прашањата беше и зошто сапуните кои се рекламираат како бебешки, наводно не ги пецкаат очите. Уште некои прашања ми беа поставени околу најпозантите 'сапуни' денес (оние со сина гулабица на кутија и оние најпознати домашни), па одлучив дека треба да ги разјасниме појмовите.
Ова е третиот пост на тема природни и комерцијални сапуни, па ако сте ги пропуштиле претходните, можете да ги пронајде тука и тука


  • Првото правило гласи: БЕЗ СОДА (NaOH или KOH) НЕМА САПУН! 

Сапун без сода е ДЕТЕРГЕНТ! ТОЧКА! Ово кажав веќе многу пати!!!
Кратко и јасно! Содата е база, масла се киселини (т.е. саставени од масни киселини), кога се спојат се добива сол. И тоа е сапун! Во него, повеќе нема ниту сода, нити киселини (масла), благодарејќи на хемиската реакција која помеѓу нив се одиграла.
Единствено, во него се наоѓаат масла, која се намерно оставено како вишок. Нпр. ако за 100 г сода ви треба 900 г масла, за да се неутрализираат и да се добие сапун, во нашите сапуни има  вишок од 5-10% масла, кој останува неизреагиран со содата и ви ја негува кожата, нежен филм на неа, кој не го чувствувате како масло, туку како свила.
Во врска со тоа е и чињеницата дека натриум-хидроксид не е природна супстанца, тoj се произведува индустриски, што значи дека нема природно потекло. Сите сапуни произведени со било која  база (натриум- или калиум-хидроксид), следејќи ја оваа логика, не можат да бидат 100% природни. Но, тоа нималку не им одзима од нивната вредност, бидејќи масните киселини, со кои содата реагира СЕ природни, т.е потекнуваат од природни масла кои се користат за изработка на таков сапун. Ако се ’природен’ разбере во поширока смисла, тогаш можеме да кажеме дeка сапуните имаат природна основа.

  • Зошто сапунот ги пецка очите? 



Сите материи кои не се иста pH (пе-ха) вредност како нашите очи, ни даваат чувство на пецкање. Сапунот, по својата природа е базна сол и секогаш е со повисока pH вредност од она  на очите. Но, никој не користи сапун за да ги испере очите, туку лицето. Со својата повисока pH вредност, природен сапун ја чисти кожата и делува антибактериски. Затоа, природни сапуни се всушност антибактериски и во таа средина не се наоѓат бактерии. 
Не постојат кисели сапуни. Не постојат ниту неутрални. Сапун кој има pH вредност 5.5 (кисела вредност), не е сапун, туку детергент, чија pH вредност се подесува химиски.  И детергенти за садови се подесуваат до неутрална pH вредност, па не се бањаме со нив. 
Но, pH не го одредува квалитетот на сапунот, туку неговиот состав.
Зошто? Затоа што сапунот само кратко време доаѓа во контакт со кожата и има функција да ја исчисти. Тоа го постигнува на природен начин, со својата повисока pH  вредност и со маслата кои, кога се сапонифицирани, имаат моќ на чистење. Но, да ли е некој сапун направен од масла и кои, много е поважно, затоа што токму тоа ја негува или суши кожа. 
Не е случајно што се повеќе луѓе патат од екцеми, дерматитиси, алергии, макар и само од чешањето. Можеби, никогаш не сте ги поврзале тие појави со вашето средство за бањање. 

  • Што е 'SYNDET'?

'SYNDET' е убава кратенка, смислена од маркетиншки стручњаци, која звучи подобро отколку што самата и значи, а значи -SYNthetic DETergent! Мислам дека нема потреба ова да се преведува.
Кои ви се омилени сапуни, нпр.за лице? Или тело? ...
Ако ги користите некои од најпопуларните сапуни за лице, тогаш имам изненадување за вас- тој е синдет!Или обичен синтетички детергент.
Детергенти се направени од нафтени деривати и се состојат од сурфактанти (површински активни состојки за чистење), агенси за пена и алкохоли. Исто така, содржат и презервативи, како и антибактеријски агенси за да траат подолго. Никогаш не ги користете специфицирани антибактериски 'сапуни', посебно не за интимна нега. Тие ќе убијат и добрите бактерии кои живеат во и на нашето тело, кои всушност го бранат од поинвазивни, штетни бактерии.
Кога ќе погледнете така, тогаш ни малку не чуди податок дека се повеќе луѓе патат од сите кожни аномалии, што претхидно ги набројавме. Не постои комерцијално средство за капење, било да е сапун или купка, да е природно. Сите, дури и најскапите ги содржат горе наведените состојки. Тоа е закон на мас-продукција - ефтини состојки за ефтин производ за широка потрошувачка.
'Syndet' е поблаг од другите комерцијални сапуни и подобар, но сепак останува синтетички детергент! Брендот 'Гулабица'  има и мешавина на состојки во него, така да нпр. таму ќе се најдат и 'Sodium Tallowate' , 'Sodium Cocoate', кои се природни соли на сапонифицирани масла, во овој случај говедска и кокосово (а тоа значи дека имало реакција со сода,од која што многумина бегаат, но верувам само поради незнаењето). Но, некои од останатите состојки се:

  1. Sodium Lauroyl Isethionate- синтетички детергент и одмастувач. Можете да го погледнете линкот за повеќе информации 
  2. Cocamidopropil Betaine, синтетички сурфактанти и агент за правење на пена и иритант, предизвикувач на алергии и дерматитиси). За да прочитате повеќе, еве неколку линкови:  од 'EWG Skin Deep' и 'Chemical of the day'.
  3. Tetrasodium EDTA & Tetrasodium Etitdonate- синтетички подобрувачи за користењето во тврда вода и одмастувачи. Tetrasodium EDTA се смета за нетоксична хемикалија ако се користи во пропишани количини, но оние со осетлива кожа треба да го ибегнуваат. Линкот за повеќе информации. Tetrasodium Etitdonate се смета да окидач на појава на екцеми. Наравно, линкот за овие информации.



Во 'Diva' сапуните не се наоѓат никакви иритирачки агенси. Единствено, парфемите можат да и сметаат на хипер сензитивна кожа, и токму тоа е причина за постојење на 'Natural Diva' линијата, бидејќи во неа не се наоѓаат ниту парфеми, ниту нашите козметички пигменти. Ако сакате, прочитајте повеќе за нашите бои и мириси во  овој пост.

  • Има ли лоши природни сапуни?


Не можам да не спомнам дека знаење на правењето природни сапуни има одлучувачко значење. Природниот сапун може да биде груб, да ја исуши кожата и да го симне нејзиниот заштитен слој и да ви даде осет на најлош детергент за садови. Ги паметите ли домашните свински сапуни за алишта. Кој би се бањал со него? Верувам, никој. Свинската маст е одлична состојка за кожа, знаеме дека сите народни мелеми се прават врз база токму на таа, но сапунот само од свинска маст, како некогаш се правел, по принцип ’малце маст, малце сода’,  не е нешто што би ви го препорачала.
Како што реков, само баланс на масла, како и правите пропроции со сода, даваат најнежен сапун, со кој можете да се бањате секојдневно, без страв од последици и со кој можете да ги бањате и вашите најмали!


Како станува се поважно што јадеме и колку штетни материи и хемикалии внесуваме преку устата, така станува се побитно и што ставаме на кожа. Овие се само неки од тие материи со кои го третираме секојдневно нашиот најголем орган. 
И не заборавете, преку неа ги внесуваме  сите штетни и корисни материи во крвотокот. 


Се надевам дека овој текст помогна на оние што прашаа, како и на сите радознали читатели!
Ви посакувам пријатна работна недела!








No comments:

Post a Comment

Thanks for your comment