head

4.12.12

Ах, тие мириси и бои


Зошто нашите сапуни се миризливи и шарени?
Секој може да ви каже дека мирисите и боите се нездрави за нашата кожа и дека се тотално непотребни за да сапунот биде здрав.
Меѓутоа, да ли е баш така?
Така е, ако се користат секои мириси и секои бои.

Зошто тогаш ги користиме?
Затоа што толку се забавни!

Ние во "Diva Soap" користиме само квалитетни мириси од проверени добавувачи (од Франција, Англија, Германија), кои се специјализирани за производство на мириси за сапуни, а боите (од Германија) од добавувачи кои ги произведуваат за козметички намени.
source

Нашите мириси се тестираат според строгите важечки прописи на Европската Унија и мораат да ги задоволат сите пропишани критериуми на законодавството, да би можеле да се користат во козметичките производи. Точно е дека и дури тогаш можат да се јават реакции кај многу осетлива, или иритирана кожа, но тоа се многу ретки случаеви и таквите особи се најчесто подложни на разни видови на алергии,а не само на мирисите. За такви случаеви, "Diva Soap" создаде најфините и најнеутралните сапуни од најквалитетите масла и путери за кои е докажано дека имаат смирувачко и противоспалено дејсвтие на кожата. Такви сапун се користат и за бебиња кои покажуваат реакции (сува кожа, екцеми) на синтетички средства за капење.

Нашите бои се пигменти, кои се најблиску до природните бои, од причина што пигментите се соединениа која се наоѓат во природата.

source
 Со оглед на тоа дека се во природата тие пигменти се наоѓат во своја нечиста форма (со примеси на другите елементи, отрови и тешки метали во нив), пигментите за козметичка употреба денес се произведуваат во лаборатории и така се добиват најчисти форми на пигменти. Помислете само: кога се шминкате со сенка ,или употрeбувате кармин за уста, тие бои се козметички пигменти,т.е бојата потекнува однекој пигмент.  
Друг вид на пигменти се тнр. мики (енгл. 'mica'), кои се добиваат од минерали кои се наоѓаат во природата. Тие се прочистуваат, ситнаат и се користаат за шминка.  Мики се интересни по својот изглед, поради тоа што можат да бидат, освен мат, и светлукави.


Покрај нив, користиме и природни колоранти, но и зачини кои се користат и во кујна, а за мириси користиме и етерични масла, кои важат за врв во користењето на благодети кои што ги нуди природата.
Во нашата линија „NATURAL DIVA" ќе можат да се најдат сосема природни производи, за оние кои патат од разни кожни проблеми.*
За оние кои што го сакаат квалитетна нега од прекрасни масла и путери, а и атрактивен изглед и опоен мирис на сапуните, тука се нашите шарени, забавни, мирисни, неодоливи креации од линијата „DIVA CHIQUE",  да ви ги задоволат сите сетила.




*Сапуните не се лек и не можат да се третират како лек. Сапунот може да ја подобри состојбата на иритирана кожа, да ја негува оштетената кожа, но само соодветен специјалист може да препише терапија за оболената кожа.






7 comments:

  1. DIVA ALL NATURAL and DIVA CHIQUE, I love it, great concept!

    ReplyDelete
  2. Thank you Cee,that's how I see Diva Soap development. And this blog is supposed to be its beginning!

    ReplyDelete
  3. Namirisati ili nenamirisati sapun, vecita dilema:) Kada se uzme instinktivno se sapun odmah stavi pod nos radi mirisanja. Ja licno volim sapune sa mirisom za tusiranje a one bez mirisa za umivanje. U svakom slucaju oba su mi super!

    ReplyDelete
  4. Јас сите мои, а и сапуните кои ги добивам од колегите (секако, тука спаѓаат и твоите сапуни), ги користам и за лицето и за телото! Никогаш немав проблем ни со бои, ни со мириси од моите сапуни. Секако, за посебно чувствителна кожа се препорачува баш така како ти тоа го правиш.

    ReplyDelete
  5. O da! Ovo je tekst koji sam tražila :) Volim kad nam zdravorazumski približiš sastojke koje koristiš.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Pa što ne pitaš? :-)
      Ovo je jedan od prvih tekstova na blogu, tada nisam znala da ću vrlo brzo početi da se igram i sa emulzijama. Inače,i tada su, kao i sada svi mirisi bili i za kozmetičke namene, tako da tekst može da se revidira.
      Sigurna sam da svi 'bukači' i protivnici mirisa koriste parfeme, ali samo marketinški dejstvuju protiv nas ostalih. E sad, ko je alergičan na parfeme, to je druga stvar,upravo kako sam gore napisala.

      Delete
    2. Pa što ne pitaš? :-)
      Ovo je jedan od prvih tekstova na blogu, tada nisam znala da ću vrlo brzo početi da se igram i sa emulzijama. Inače,i tada su, kao i sada svi mirisi bili i za kozmetičke namene, tako da tekst može da se revidira.
      Sigurna sam da svi 'bukači' i protivnici mirisa koriste parfeme, ali samo marketinški dejstvuju protiv nas ostalih. E sad, ko je alergičan na parfeme, to je druga stvar,upravo kako sam gore napisala.

      Delete

Thanks for your comment